Хиларија Болдвин на Instagram објави дека таа и сопругот Алек Болдвин го добија шестото дете, по само шест месеци од раѓањето на нивното петто дете.
Таа објави фотографија со децата Кармен, Рафаел, Леонардо, Ромео и Едуардо, заедно со новороденчето.
„Седум“, стои во описот на фотографијата што Хиларија ја објави, а се однесува на бројот на деца кои Алек Болдвин ги има. Тој со првата сопруга Ким Бесинџер има 25-годишна ќерка.
Хиларија и Алек не објавија јавно дека очекуваат уште едно дете. Во 2020 година Хиларија го најави раѓањето на петтото дете, но не и на шестото.
Потоа, во нова фотографија Хиларија откри дека имаат ќерка која се вика Луција.
„Мојот живот“, напиша актерот на Instagram.
Алек и Хиларија се во брак од 2012 година, по врска што траеше помалку од една година. И двајцата се успешни и остварени во професиите па уживаат во семејната идила. Нивниот брак важи за еден од најстабилните во Холивуд.