Хороскопски знаци кои важат за најтоксични пријатели

Сите пријатели не се исти, во животот ќе сретнете луѓе кои ќе ви станат најдобри и најверни пријатели, додека други ќе ви ја уништат вербата во пријателството.

Исто како што може да бидеме во токсична врска, може да се најдеме и во токсично пријателство. Во астрологијата постојат неколку хороскопски знаци во кои се раѓаат најотровните пријатели, па внимавајте со овие луѓе.

Водолија                                                            

Водолијата делува студено и без чувства, а исто така не сака ни да се отвора пред другите. Да се биде пријател со некој кој не ви верува е многу токсично бидејќи секогаш ќе имате чувство дека треба да се докажувате. Овој хороскопски знак не е подготвен за компромис, сака работите да се прават по негов начин.

Овен

Не се баш најдобрите луѓе кои склучуваат пријателства, нивната природа е тешка. Можат за секунда да се вознемират поради најситни работи. Ако имате пријател околу кој мора да одите како по јајца, голема шанса е да станува збор за Овен. Сакаат работите да завршат што побрзо и не им е грижа за распоредот ан другите. Нестрпливи се и  себични. Очекуваат другите да откачат се за да се дружат само со нив, а токму поради тоа пријателите мислат дека се егоцентрични и дека не го ценат нивното време.

Близнаци

Познато е дека Близнаците се дволични и никој не сака да има таков пријател. Поради тоа е тешко да им се верува. Друштвени се и сакаат интеракција со другите, но имаат тенденција во се да зависат од другите, а тоа е токсична особина. Нивната потреба за социјална интеракција ги прави приврзани.

Рак

Раковите се многу емотивни, но емоционалноста не е она што ги прави токсични пријатели туку начинот на кој манипулираат со емоциите на другите. секогаш се жалат самите себе и од вас очекуваат да бидете нивни терапевт. Друга токсична особина е што постојано се грижат. Се плашат дека ќе ги оставите или дека не се доволно добри да ви бидат пријатели, па постојано сакаат потврда од вас, дека се е во ред со вашиот однос.

Скорпија

Скорпиите се многу љубоморни, а да се има пријател кој е огорчен на вашиот успех е токсично. Вашите пријатели треба да бидат ваша најголема поддршка, но љубоморната Скорпија не може вистински да биде среќна за вас.

Скорпиите го покажуваат тоа со нерасположение. Една минута се добро, а веќе во следната имаат напад на бес. Нивниот темперамент им отежнува создавање пријателства бидејќи никогаш не знаете како ќе се однесуваат.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе