Храна која поттикнува глад: Речиси никогаш нема ве засити

Јадењето одредена храна може да предизвика глад, а таквата храна особено создава проблем ако е ваш прв избор за задоволување на градта.

Некои од намирниците едноставно не можат да го заситат вашето тело, а повеќето од нив се оние кои содржат поголеми количини на брзо сварливи јаглехидрати како што се шеќерот и белото брашно.

Ова се намирниците по кои многу брзо ќе огладнете:

Пченкарни снегулки

На многумина омилениот и единствениот појадок што можат да го јадат наутро е комбинација по која обично остануваме гладни кратко време по оброкот. Доколку сте љубители на корнфлекс, земете интегрални, бидејќи подолго се задржуваат во телото. Можете да пробате да ги мешате со јогурт наместо обично млеко. Протеините и мастите го забавуваат процесот на варење и ќе се чувствувате посити.

Бел леб

Телото ќе ја метаболизира оваа храна за многу кратко време, сето тоа затоа што е бело брашно и речиси без влакна. Шеќерот во крвта нема да ве засити, туку ќе ве натера многу брзо повторно да посегнете по храната.

Супа

Еден од најлесните оброци за подготовка е супата. Иако нема калории, што е добро за оние кои ја чуваат линијата, по неа многу брзо ќе ја почувствувате празнината во стомакот.

Гумени бонбони

Кога ќе почувствуваат глад, за да го задоволат тоа, многумина посегнуваат по омилените бонбони од детството. Сепак, на прво место од нивните состојки е шеќерот, што значи дека овој трик нема долго да го задржи вашиот желудник.

Чипс

На оваа примамлива закуска понекогаш е невозможно да се одолее. Но, поради засилувачот на вкусот што го содржи, вклучително и екстрактот од квасец, чипсот ќе ви го отвори апетитот. Затоа, доколку сакате да го измамите вашиот стомак, избегнувајте ја оваа храна.

Газирани пијалаци

Сигурно ви се случило после лименка Coca-Cola да се чувствувате како да можете да продолжите да јадете. Овие пијалаци се такви што никогаш не можете да се заситите од нив.

Алкохол

Пивото и виното може да предизвикаат глад, па дури и прејадување. Алкохолот предизвикува блага хипогликемија во мозокот, која ги повикува хормоните на акција, испраќајќи му порака на телото дека е гладно. Пиејќи алкохол, најмногу јадеме скара, нешто мрсно или зачинето, а потоа најчесто посегнуваме по грицки.

Овошни сокови

Нивоата на фруктоза содржани во овошните сокови предизвикуваат високи нивоа на шеќер во крвта. Затоа, со неговото внесување, стомакот брзо ќе бара од вас да го наполните.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе