Киев: Бројот на руски војници достигна околу 149.000, Украина подготвена за одбрана

Бројот на руски војници распоредени во близина на границата со Украина достигна 149.000 лица, изјави украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников.

– Ги набљудуваме единиците на руските трупи, кои бројат 129.000 лица. Заедно со поморските и воздушните компоненти, оваа бројка достигнува до 149.000 луѓе, појасни Резников во Парламентот.

Министерот уверуваше дека Украина „нема намера да го нападне сепаратистичкиот исток или Крим“.

– Уште еднаш нагласувам, Украина ја зајакнува својата одбрана, но, немаме намера да тргнеме во офанзива против Донбас или Крим. Ќе дејствуваме политички и дипломатски, бидејќи нашите граѓани се таму и нема да ги загрозиме, истакна Резников.

Тој додаде дека украинската армија е подготвена за каква било одбранбена акција.

Украина, според него, вчера регистрирала „невообичаен“ број гранатирања на своите позиции во Донбас.

– Вчера беа регистрирани необичен број настани, кои значително се разликуваат од она што се случува од почетокот на годината. А, наша задача е да ја скротиме оваа аномалија, со цел да не стане повод за ескалација, нагласи Резников.

Според него, од 1 јануари до 16 февруари, 107 украински воени позиции биле гранатирани од Донбас на линијата за контакт во регионите Доњецк и Луганск, или два до пет прекршувања на примирјето дневно. Само во четвртокот имало 60 гранатирања, од кои 43 „од забрането оружје, речиси по целата линија на контакт“.

Како што појасни министерот, оганот бил насочен кон околу 30 населени места, повеќе од десет куќи се оштетени, а неколку лица повредени.

Резников информираше и дека Украина веќе добила над 2.000 тони оружје од странски партнери.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков изјави дека Кремљ ја следи ситуацијата во Донбас и ја смета за „многу, многу опасна“ поради провокациите од Украина.

Од 27 јули 2020 година, во Донбас се во сила дополнителни мерки за контрола на прекинот на огнот, кои ги договорија учесниците во контакт групата за решавање на ситуацијата во источна Украина. Дополнителните мерки вклучуваат забрана за офанзива и извидување и саботажа, употреба на авиони, забрана за пукање, како и распоредување тешко оружје во населени места.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе