Ким Џонг Ун посети новоизграден град, неговата социјалистичка утопија

Б.С.Б.
/ 16.11.2021 / 13:23

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на неговото прво јавно појавување по повеќе од еден месец посети новоизграден град во близина на границата со Кина, пренесоа државните медиуми.

Самијон, новиот град на северот на земјата, се претвора во голем економски центар, а тамошните луѓе го нарекуваат „социјалистичка утопија“. Во него се наоѓаат нови станови, хотели, ски-центри, како и комерцијални, културни и здравствени објекти.

Градот е сместен во близина на „светата планина“ Пекту, за која семејството на Ким тврди дека потекнува оттаму. Ким Џон Ун повеќе пати ја посети споменатата планина од 2018 година, а државната новинска агенција KCNA ја прикажува како „отелотворена модерна цивилизација“.

KCNA пренесе дека севернокорејскиот лидер во последната посета на Самијон проверил како напредуваат работите во третата, воедно и последна фаза на изградба. Крајот на работите се очекува кон крајот на годинава, процесот беше одложен поради меѓународните санкции и пандемијата на коронавирусот.

„Ким Џонг Ун изјави дека Самијон се претвора во пример на модерен, социјалистички и планински град кој претставува добар пример на рурален развој благодарение на непоколебливата работничка истрајност и покрај неповолните климатски услови“, пренесе KCNA.

Ким додаде дека изградбата на новиот град дава искуство во градежништвото, дизајнот и употреба на најнова технологија, што ќе го поттикне економскиот развој на останатите региони во земјата.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе