Светската здравствена организација ќе ја предводи истрагата за потеклото на SARS-CoV-2, откако Кина прифати во јануари да прими тим од меѓународни експерти.
Претходно, Кина силно се противеше на меѓународна истрага за потеклото на вирусот, тврдејќи дека таквиот став е антикинески, но е отворена за истрага водена од СЗО.
Во овој момент не е јасно дали истражувачите ќе патуваат во Вухан, градот во кој за првпат е регистрира вирусот, за тоа се водат дискусии.
„СЗО и понатаму е во контакт со Кина за дискусија за тоа кои места ќе ги посети меѓународниот тим“, изјави на конференцијата за новинари Бабатунд Оловокур, шеф на регионалната канцеларија на СЗО за Западен Пацифик.
Тој изјави дека се очекува меѓународниот експертски тим да стигне во Кина на почетокот на јануари.
Кинеските државни медиуми сугерираат дека вирусот постоел во странство пред да биде откриен во Вухан и укажуваат на неговото присуство во увезена пакувана смрзната храна и на научни документи во кои се наведува дека вирусот циркулирал во Европа минатата година.