Домашниот тенисер Ник Кирјос се повлече од Австралија опен поради повреда на левото колено.
Во првото коло на Грен слемот во Мелбурн Кирјос требаше утре да се сретне со Русинот Роман Сафиулин. Веројатно, сега ќе биде заменет со среќен губитник.
Дваесет и седумгодишниот австралиски тенисер е актуелен победник на турнирот во двојки.
Во сингл најдобар резултат му е пласманот во четвртфиналето во 2015 година. Австралија опен 2023 се одржува на терените на „Мелбурн Парк“. Турнирот ќе заврши на 29 јануари.