ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Кјелини почнува нова авантура во МЛС

Џорџо Кјелини е подготвен да ја започне новата авантура во САД откако потпиша 18-месечен договор со МЛС тимот на Лос Анџелес.

Ветеранот, кој на 14 август ќе го прослави својот 38. роденден, одлучи да го напушти Јувентус откако Италија не успеа да се квалификува на Мундијалот 2022 во Катар, бидејќи сега веќе не мора да игра на високо ниво и да биде блиску до селекторот Манчини.

Наместо да ја заврши кариерата во Торино, Кјелини одлучи како многумина фудбалери во поодмината возраст, да се проба во американската МЛС и тоа во тимот на Лос Анџелес, вториот тим од истоимениот град после попознатиот Лос Анџелес Галакси.

Централниот дефанзивец потпиша договор на 18 месеци со клубот кој минатата сезона имаше разочарувачки резултати и не успеа да влезе во разигрувањето за титулата. Затоа, пак, во тековнава сезона, која почна кон крајот на февруари, тимот игра одлично и е лидер во Западната конференција и бодовно е најдобар во цел МЛС.

„Целта е да победуваме, а дечково има победувано на највисоко ниво. Тој е еден и единствен. Во мојата играчка кариера никогаш не сретнав некој играч како него. Ниту личност како него“, рече ко-претседателот и извршен директор на клубот, Џон Торингтон, кој порано беше играч од средниот ред.

„Ретки се играчите како Џорџо кои имаат освојувано, кои биле капитени, за кои сите зборуваат на посебен начин. Кога ни се пружа шанса да го ангажираме на начин што можеме да си го дозволиме економски, имаше смисла за нашиот бизнис и што на тимот му требаше на терен, не требаше многу да му ја мислиме“, додаде тој.

Кјелини иако потпиша сега, нема право да игра за својот нов клуб. Сезоната во МЛС е во тек, но трансфер периодот таму се отвора на 7 јули. Тоа значи дека може да дебитира на 9 јули во градското дерби против Галакси, или пак на 18-ти во гостувањето кај Нешвил.

Во новиот клуб Кјелини ќе го носи дресот со број 14. Најпознат соиграч му е Мексиканецот Карлос Вела, а во тимот е и несудениот македонски репрезентативец Дени Мусовски.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фудбал

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more
 

Спорт

  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе