Кличко за претседател?

Виталиј Кличко, градоначалник на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија, не сакаше конкретно да каже дали ќе го предизвика украинскиот претседател Володимир Зеленски на претседателските избори следната година.

„Кога земјата е во војна, кога голем дел од земјата е окупиран, кога десет милиони луѓе се надвор од земјата, политички натпревар би можело да биде фатален за нашата земја“, рече тој денеска во интервју за германска новинска агенција.

„Сега е време да се брани земјата“, рече Кличко, кој е градоначалник од 2014 година. „Денес се работи за опстанокот на Украина, а не за тоа кој владее со земјата. Нашите граѓани плаќаат огромна цена за ова“, рече тој пред првата годишнина од руската инвазија.

„Потребно е обединување на сите политички сили, на сите политички партии“, смета тој. „Ние стоиме под едно знаме - сино и жолто, нашето украинско знаме. За жал, ова не го разбираат сите, дури и овде во Украина. Приоритет е одбраната. Земјата мора да биде независна и суверена. Земјата мора да стане демократска“, рече тој.

„Јас си ја работам својата работа. Подготвен сум. Моето рамо е секогаш подготвено за секој патриот, секој бранител“, додаде тој.

На прашањето зошто не стои рамо до рамо со Зеленски, кој со 170 сантиметри е за повеќе од 30 сантиметри понизок од Кличко, кој е висок 201 сантиметар, поранешниот боксер рече: „Рамо до рамо, нема да може, поради различните висини... Само се шегувам“.

Тој рече дека во моментов не размислува да го предизвика Зеленски, но дека ако ѝ треба на земјата, тогаш нема друг избор.

реклама

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе