Клубовите со пофални зборови за ФФМ по договорот со Арена Спорт

Кога е нешто добро тогаш тоа треба и јавно да се пофали. Тоа го сметаат клубовите од 1.МФЛ во нашата анкета по повод склучениот договор со Арена Спорт за пренесување на мечевите на оваа ТВ.

Потег на ФФМ и пред сѐ на претседателот на Федерација Муамед Сејдини, кој наиде на одобрување и пофалби кај секој нормален фудбалски човек, љубител на фудбалот во нашата земја. Во продолжение ви ги пренесуваме ставовите на првите луѓе на дел од нашите прволигашки клубови.

БЕЏЕТИ (ШКЕНДИЈА): ВО ИНТЕРЕС НА НАШИОТ ФУДБАЛ

Прeтседателот на шампионот Висар Беџети нагласува дека со преносите на Арена Спорт, 1.МФЛ добива на атрактивност…

„Добар потег на ФФМ, тоа треба се почитува. Како прво ние како Шкендија не сме премногу оптоварени од тоа околу котизацијата, но сме силно заинтересирани нашиот клуб да го следи поширок аудиториум. Ова е добро зошто е во интерес и на општо мак-фудбалот. Со преносите на оваа спортска ТВ и 1.МФЛ добива на атрактивност. Тука сега свој збор треба да има и бизнис секторот“.

СПАСЕСКИ (ВАРДАР): ДОБРО ЗА СИТЕ ВО МАК-ФУДБАЛОТ

Претседателот на нашиот најтрофеен клуб од името на Вардар вака ја коментира одлуката на ФФМ…

„Најпозитивно го прифаќаме фактот што натпреварите ќе ги има на ТВ. Тоа е добро за промоција на клубот и пред се за играчите. Ние го прифативме предлогот и тоа значи дека го одобруваме. Можеби требаше многу порано да се случи ова, но никогаш не е доцна. Ова е добро за сите во мак-фудбалот“.

ПОПОВСКИ (РАБОТНИЧКИ): СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА СЕЈДИНИ И ФФМ!

Првиот човек на Работнички Драган Поповски има свој коментар…

„Секоја чест за Муамед Сејдини и ФФМ, кога е нешто добро секако дека треба да се пофали. Тој е првиот претседател на ФФМ што ете успеа 1.МФЛ да се гледа пред милионска публика. Со ова мак – фудбалот добива на промоција, не се тука само финансиите туку фактот што ние како клубови можеме да промовираме наши, пред се млади, играчи пред поширок аудиториум. Работнички и јас како поединец секако дека сме презадоволни од потегот на првиот човек на ФФМ“.

ИСАКУ (СТРУГА): ТРЕБА ДА СЕ ПОФАЛИ ФФМ

Спортскиот директор на стружани Бесарт Исаку посочува  дека ова е убава работа…

„Да, секако дека ова е шанса за промоција на нашиот фудбал, шанса за нас како дебитанти за промоција на ФК Струга Трим Лум, нашиот град. И затоа треба да се пофали овој потег на Фудбалската федерација а посебно на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини. Ние клубовите само добиваме со тоа што нашите натпревари ќе ги има на ТВ“.

ПЕТРОВ (БОРЕЦ): ПОЗИТИВЕН ПОТЕГ, САМО ТАКА НЕКА ПРОДОЛЖАТ

Спортскиот директор на Борец гледа позитивно на ова…

„Секако позитивно и само така нека продолжат. Тие пари што сме ослободени за плаќање, на секој клуб добро ќе му дојдат. Прекрасно е што ќе има ТВ преноси, тука и бизнис заедницата секако дека ќе најде свој интерес за поголемо вложување во клубовите, во фудбалот. Реков, ФФМ само така да продолжи“.

САИТИ (РЕНОВА): ОДЛИЧНО НЕШТО ЗА СИТЕ КЛУБОВИ

Претседателот на „Гипсарите“ Лирим Саити вели дека овој потег на ФФМ треба јавно да се пофали…

„Јас и како поединец, но и од името на клубот, сметам дека ова е одличен потег на ФФМ кој треба да се пофали. Ова е добро за сите нас кои што сме во мак-фудбалот. Отсекогаш ние посакувавме да има преноси на ТВ, а посебно да ги има и надвор од границите на нашата земја. Секако дека ова е шанса и за фирмите кои сакаат да вложуваат во фудбалот да си се пронајдат себе си и да се рекламираат“.

*Промотивен текст

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе