Книги од академик Ристо Василевски објавени на српски и словенечки јазик

Објавени се две книги од нашиот истакнат поет и академик Ристо Василевски на странски јазици. Во издание на реномираната издавачка куќа Hiša Poezije на словенечки јазик е објавена книгата поезија „Srce kroga“ („Срцето на кругот“), а во издание на српската издавачка куќа Арка, новата книга на Василевски „Кључаоница“ („Клучалка“).

Книгата „Срцето на кругот“ на словенечки јазик ја преведе угледниот словенечки поет Иван Добник, кој е автор и на нејзиниот поговор, а објавена е во најрепрезентативната едиција на ИК Hiša Poezije, „Поетиконови Лири“, заедно со поетските избори на Велимир Хлебников, Емили Дикинсон, Сен Џон Перс, П.Б. Шели, В.Б. Јејтс, Чеслав Милош, Џон Ашбери и Константин Кавафи.

Во поговорот поетот Иван Добник истакнува дека поезијата на Ристо Василевски ја следи традицијата на класичната македонска и српска поезија, што е најизразито во збирката „Срцето на кругот“.

– Во исто време е очигледно дека таа традиција поетот со многу нешта ја надградува, придодавајќи ѝ го всушност призвукот на сопствениот поглед кон поезијата, не само според начинот на пишување туку, исто така, и според сфаќањето на животот и животните искушенија, пишува Добник.

Автор на обемниот поговор на книгата „Клучалка“ е истакнатиот српски поет, романописец, есеист и критичар Бошко Томашевиќ. Тој пишува дека Ристо Василевски е поет-философ и дека „Книгата Клучалка со своите мисловни искревања во сферите на филолошкото, сезнајно-теориското, поетското, гносеолошкото и антополошкото претставува една мошне сложена митопоетска структура…“

Книгата „Клучалка“ од Ристо Василевски, според издавачаот, веќе предизвикува големо внимание во српската книжевна јавност.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе