Сигурно многупати досега сте си ветиле дека ќе почнете да усвојувате здрави фит навики. Од понеделник, од први... времето минува, а некако тешко ни е да вежбаме или да го смениме начинот на исхрана. Но, која диета да ја одберете, а да не се чувствувате прегладнети и „казнети“?

Со години беа популарни диети со минимална содржина на јаглехидрати, базирани на верувањето дека внесувањето јаглехидрати, особено благо, бел леб, тестенини и ориз, е лошо за килограмите и за нивото на шеќер во крвта.
Логиката е дека ако јадете многу јаглехидрати и шеќери, особено оние што не содржат влакна и брзо се апсорбираат, за кратко време ќе ви го кренат нивото на глукоза (шеќер) во крвта.
Ако не ја согорите таа глукоза со вежбање, панкреасот ќе почне да лачи повеќе инсулин за да ги врати тие нивоа во нормала.
Вишокот шеќери од јаглехидратите ќе почне да се складира како масно ткиво. Големата количина складирано масно ткиво, особено во пределот на абдоменот, може да предизвика разни здравствени проблеми како дијабетес тип 2.
Покрај загриженоста за количеството на јаглехидрати во исхраната, загрижеи сме и за тоа кога ги внесуваме. Општо познатото уверување е дека е полошо да јадете јеглехидрати навечер отколку за појадок.
Тоа е така бидејќи наутро телото е подготвено за акција и би требало да ја согорува глукозата од јаглехидратите. Кога јадете доцна навечер, телото се подготвува за одмор и ќе му треба повеќе време да се исчисти од шеќерите.
Тоа е теоретски така. Но, колку е точно?
Доктор Адам Колинс од Универзитетот на Сари заедно со истражувачи од Trust Me I'm a Doctor, спроведе едно мало истражување.
Биле земени здрави испитаници за да се провери како нивните тела реагираат кога поголемиот дел јаглехидрати се внесуваат навечер, односно наутро.
Истражувачите исто така сакале да дознаат дали и како ќе се прилагодат телата на испитаниците со тек на време.
Сите испитаници јаделе конкретна количина јаглехидрати секој ден, како зеленчук, леб и тестенини.
Првите пет дена требало да ги конзумираат предвидените јаглехидрати за појадок и да оставаат многу мала количина за вечера.
Потоа пет дена јаделе нормално, па се префрлале на појадок со малку јаглехидрати и вечера богата со јаглехидрати во последните пет дена од истражувањето.
Во текот на целото истражување им било следено нивото на глукоза во крвта.
„Секогаш ми било логично дека ги преработуваме јаглехидратите подобро пред нас имаме цел ден исполнет со активнсти“, вели доктор Колинс.
„Затоа, сметав дека телото подобро ќе се справи со јаглехидратите внесени со појадокот. Но, не знаевме што ќе се случи ако редовно јадете јаглехидрати за вечера. Досега немало такво истражување и како научник бев возбуден да видам што ќе се случи.“
Резултатите биле во најмала рака неочекувани
Кога истражувачите ги тестирале испитаниците по ден со појадок богат со јаглехидрати, а вечера со малку јаглехидрати, просечното ниво на на глукоза во крвта изнесувало 15,9 единици.
Тоа било во рамките на предвидувањата.
Кога ги направиле тестирањата по петте дена со појадок со малку јаглехдрати и вечера богата со јаглехидрати, просекот паднал на 10,4 единици глукоза во крвта, што било многу помалку од очекуваното.
Заклучокот бил дека не е важно кога ги јадете јаглехидратите, туку должината на периодот на „пост од јаглехидрати“ пред оброкот.
Ако имало голема временска ралика од последниот оброк богат со јаглехидрати, телото е поподготвено да се справи со нив.
Тоа обично се случува наутро бидејќи телото „постело“ цела ноќ додека сте спиеле.
Меѓутоа, истражувањето покажа дека ако поголемиот дел од денот сте на постење од јаглехидрати, ефектот е сличен.
Со други зборови, по неколку дена со појадок со малку јаглехидрати и вечера богата со јаглехидрати, телото се навикнува на тоа и подобро реагира на големата доза јаглехидрати навечер.
Заклучокот е дека не треба да се грижите во кој дел од денот јадете јаглехидрати, туку да внимавате да не се содржат во големи или подеднакви количини во сите оброци.
Ако сте изеле многу јаглехидрати за појадок, намалете ги или исклучете ги за вечера, и обратно.