Ланскиот рекорд на Bugatti е трн во око за шведскиот производител.
Лани летото Bugatti ја претстави специјалната изведба Chiron Super Sport 300+ со која успеа да извози со рекордна брзина од 489,484 километри на час.
Време е некој да го симне од врвот, а добар кандидат за тоа е Koenigsegg.
Според блогот Supercarblog, уште во март во Женева ќе можеме да го видиме Mission 500, концептот кој има само една задача - да вози со 500 км/ч.
Се претпоставува дека основата за овој ѕвер ќе биде хиперспортскиот Jesko со 5.0-литарски V8 мотор од 1.600 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.500 Nm кога користи E85.
Наводно веќе може да оди до 482 км/ч, па новата цел – да лета со 500 – се чини подостижна.
Судејќи по досега достапните податоци, шведскиот производител е повеќе од способен да го сруши рекордот, освен ако во тоа прв не успее Hennessey Venom F5, адутот на Американците.