Кога годинава се менува од зимско на летно сметање на времето?

Влеговме во месецот кога ќе треба да направиме и промена на стрелките на часовниците, условно кажано, бидејќи веќе повеќето се дигитални. Сепак, она што е сигурно е дека ќе имаме еден час помалку сон.

Летното сметање на времето во Македонија почнало да се користи од 27 март 1983 година, кога почнало и кај останатите југословенски републики. Од 1996 година е регулирано со Законот за сметање на времето.

Денес сите земји во Европа, со исклучок на Исланд, Белорусија, Турција, Русија, Казахстан, Грузија, Ерменија и Азербејџан, а плус Израел и Либан, во ист ден го менуваат времето, а разлика може да се јави само во часот кога тоа се прави, но тоа најчесто е еден или два часа разлика.

Годинава летното време ќе почне в недела на 26 март, рано ноќта кога во 2 часот часовникот ќе стане 3. Таа ноќ ќе спиеме еден час помалку, но денот ќе се зголеми и сонцето подоцна ќе заоѓа.

Од 2019 година во ЕУ постои предлог да се укине сезонското менување на времето на летно и зимско, но согласност не е постигната. Европскиот парламент ја поддржа иницијативата, но земјите-членки не ја усвоија. Доколку во иднина оваа иницијатива добие зелено светло, многу веројатно е дека ќе има домино ефект и врз земјите кои не се членки на ЕУ, вклучително и Македонија.

Земјите од Северна Америка, со исклучок на Гренланд кој времето го менува по европски терк, промената ја прават втората недела од март, наместо последната. Така, годинава тие часовниците ќе ги поместат рано ноќта на 12-ти.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе