Кои љубовни врски се однапред осудени на пропаст?

За една врска да опстане љубовта не е доволна, потребно е да се вложи многу труд во неа. Факт е дека пропаѓаат и врски кои делувале стабилно и биле полни со љубов, па каде тогаш се крие проблемот?

Одговорот е едноставен, во одредени случаи врската не опстанува поради различни околности, а некои од самиот почеток се осудени на пропаст.

За кои врски станува збор?

1. Кога и двајцата партнери имаат потреба да бидат „ѕвезди“

Ако двајцата партнери подеднакво се успешни во нивните области, тоа на почеток може да биде добро. Имате многу заеднички теми, се сложувате, се мотивирате еден со друг. Но, неретко по некои време на некој начин се натпреваруваат. И едниот и другиот партнер бараат внимание, признание од другите, имаат потреба да бидат „ѕвезда“, да им се восхитуваат. Каде што има натпреварување, таму љубовта престанува.

2. И едниот и другиот сакаат да бидат лидери

Исто како и во претходниот пример, и овде има две слични личности – подеднакво силни, тврдоглави, со потреба да бидат главни, постојано да се во право. Не сакаат да признаат грешки. убаво е покрај себе да имате силна и стабилна личност, но љубовта бара многу толеранција. Ако не сте способни за компромис, а сакате да си терате по ваше, знајте дека таквата врска не трае долго.

3. Силна самоуверена жена и патријархален маж

Многу мажи и понатаму очекуваат жената да ги праша за мислење, за дозвола, се чувствуваат слободни да забранат нешто што жената го сака. Ако ваквиот маж очекува покрај себе да има независна, силна жена, се лаже. На таквата жена не ѝ треба некој да ѝ кажува што треба да прави, ниту таа има намера да бара дозвола. На оваа жена ѝ треба рамноправен маж, а не некој кој ќе ја кочи.

4. Незрел партнер

На почетокот може да ви биде симпатично кога тој е безгрижен како дете, но сериозната врска бара зрелост и кај двајцата партнери. Ако тој секогаш е без пари и позајмува од родителите, не сака да прифати одговорност, не е подготвен за семејство, не е способен сам да носи одлуки, тогаш значи дека сè уште е незрело дете во тело на маж. И ваквата врска нема иднина, освен ако не сакате да му бидете мајка.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе