Кои намирници може да ги јадете и по истекот на рокот?

Експертите сметат дека кај некои намирници не треба строго да се држите до наведените датуми на траење бидејќи често станува збор за препораки.

Но, постојат и исклучоци од ова правило, како што е употребата на детска млечна формула која секогаш треба да се фрли ако е истечен рокот на амбалажата, пишува Њујорк пост.

Кои намирници може да ги јадете и по истекот на рокот?

Млеко

Млекото најчесто е безбедно за консумација до една недела по истекот на рокот на амбалажата. Но, тоа зависи од видот на млеко што го купувате – колку е поголем процентот на масти во млекото, тоа пократко ќе трае. Ако не сте сигурни дека е добро за употреба, мирисот на млекото може да ви открие во каква состојба е.

Јајца

Често може да се случи да го занемариме датумот на истекот на рокот на кутијата бидејќи обично јајцата се безбедни за јадење со недели и по рокот. Секако, колку повеќе се оддалечувате од рокот помалку ќе бидат свежи, но не мора да значи дека не се за јадење.

Тестенини

Сувите тестенини ќе бидат добри за јадење до две години по истекот на рокот на траење. Ако сте љубител на свежи тестенини треба да ги јадете само до пет дена по истекот на пакувањето.

Откако ќе ги сварите, може безбедно да ги јадете до една недела, па и месеци ако се замрзнати.

Кашкавал

Дури и ако фати мувла, може да ја отстраните и да продолжите со консумација на кашкавалот.

Суви состојки

Сол,брашно, црвен пипер, сода бикарбона и шеќер се безбедни за јадење ако стојат подолго време, а причина е недостигот на влага. Но, ако забележите чуден мирис, тоа може да укаже на загадување со инсекти.

Конзервирана храна

Многу видови конзервирана храна можат да траат и до две години по истекот на рокот на траење, особено супите и зеленчукот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе