Борба со хормоните

Кои промени во исхраната жените треба да ги направат по 40-тата година?

Б.С.Б.
/ 30.10.2022 / 13:22

За полесно да се справат со симптомите на перименопауза, жените во доцните триесетти и раните четириесетти години треба да направат големи промени во исхраната.

Менопаузата вклучува намалено ниво на естроген во организмот и може да резултира со 150 различни симптоми кои можат да траат од една до десет години. Периодот пред менопауза се нарекува перименопауза.

Првиот совет на нутриционистите е да се зголеми внесувањето на омега-3 масни киселини, хранлива материја што може да се најде во ленено семе, ореви и риби како лосос, скуша и сардини. Докажано е дека омега-3 масните киселини ја намалуваат појавата на топли бранови и го подобруваат менталното здравје, но и го одржуваат нивото на холестерол во крвта на здраво ниво.

Покрај тоа, се препорачува да се зголеми консумирањето на лиснат зелен зеленчук, кој е богат со магнезиум. Храна богата со магнезиум: ленено семе, бадеми, риба и месо. Магнезиумот е потребен за повеќе од 600 процеси кои се случуваат во телото. Познато е дека ги подобрува енергијата, спиењето и релаксацијата на мускулите и нервите.

Третиот совет е да го зголемите консумирањето на млечни производи за да го одржите здравјето на коските. Млечните производи се богати со калциум, кој е од суштинско значење бидејќи нивото на естроген се намалува за време на перименопаузата и може да предизвика помала минерална густина на коските. Калциумот може да се најде и во тофу, грашок, јаткасти плодови и семки.

Четвртиот совет се однесува на намалување на внесувањето кофеин, шеќер и алкохол во организмот.

Последниот совет е да го зголемите количеството на лигнани во исхраната.  Станува збор за природна растителна хемикалија што ги имитира ефектите на естрогенот и затоа помага во олеснувањето со симптомите во перименопауза. Лигнаните се застапени во повеќе типови растителна храна – маслодајни растенија, житарки, зеленчуци, мешунки, шумски овошки и чаеви.

Лененото семе се смета за најбогатиот извор на лигнани од растително потекло. Тоа содржи од 70, па и до 800 пати повеќе лигнани од останатите растенија.

Што е перименопауза?

Перименопаузата обично започнува на возраст од 40 години и е прилично непредвидлива. Падот на естроген во пресрет на менопаузата предизвикува низа симптоми кои во просек траат по седум години. Тие се различни за секоја жена и варираат. Може да вклучуваат промени во тежината, стрес, анксиозност, лошо расположение, топли бранови, сувост на вагината, нарушувања на спиењето, проблеми со меморијата или концентрацијата, пониска минерална густина на коските и намалено ниво на енергија.

реклама

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе