Што е тоа перименопауза и на што треба да обрнете внимание?

Перименопауза е период кој претходи на менопаузата, а почнува неколку години порано, главно во раните четириесетти години, но може и порано. Во тој период се намалува нивото на женските полови хормони, што значи дека јајниците постепено почнуваат да произведуваат помалку естроген.

Во текот на перименопауза, менструалниот циклус на жената станува неправилен. Жените кои не раѓале, како и оние кои рано влегле во пубертет или имаат краток менструален циклус, имаат поголема веројатност да доживеат и перименопауза порано.

Перименопаузата трае до менопауза, која означува последна менструација во животот на жената и крај на нејзиниот репродуктивен период. Тогаш јајниците престануваат да произведуваат јајце-клетки. Во последните година, две од перименопаузата доаѓа до изразен пад на естрогенот и жените доживуваат симптоми на менопауза. Вообичаениот период на перименопауза трае околу 4 години, но сето тоа е индивидуално и кај некои  жени оваа фаза може да трае од неколку месеци до повеќе години.

Перименопаузата завршува 12 месеци по последната менструација. Првиот сигурен знак за перименопауза се исклучително нередовните менструации, а најчести симптоми се чувствителност на дојките, влошување на ПМС, ненадејни бранови на топлина, намалена желба за секс, нередовни менструации, сувост на вагината, неконтролирано испуштање урина при напор или во текот на кивање, почеста потреба за мокрење, промени во расположението и несоница.

Важно е да се напомне дека доколку менструациите станат многу обилни, проследени со згрутчување, ако меѓу циклусите има крвавење или се скрати периодот меѓу две менструации, неопходно е за тоа да го известите гинекологот.

Перименопаузата е нормален и природен дел од животот и не постои третман за запирање на овој процес. Некои промени во начинот на живот како поздрава исхрана, лесни вежби и избегнување активности кои предизвикуваат бранови топлина секако можат да помогнат.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Здравје

Што се случува со вашето тело ако спиете помалку од 6 часа?

Read more

Пет знаци на пролетен недостаток на магнезиум во организмот

Read more

Кардиолозите препорачуваат една кратка активност за здраво срце

Read more

8 знаци дека не внесувате доволно влакна во вашата исхрана

Read more
 

Магазин

Селкирк рекс - раса на мачки што важи за најслатка поради кадравото крзно

Читај повеќе

Што се случува со вашето тело ако спиете помалку од 6 часа?

Читај повеќе

Пет знаци на пролетен недостаток на магнезиум во организмот

Читај повеќе

Дали секс на првиот состанок е добра идеја?

Читај повеќе
  • play_arrow

Брзо и вкусно: Говедско со кромид и лук во пикантен сос

Читај повеќе
  • play_arrow

15 пустини што некогаш биле океани

Читај повеќе
  • filter

Кански филмски фестивал забрани „голи“ фустани на црвениот тепих

Читај повеќе

Колку протеини треба да внесувате за да слабеете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали би патувале низ Италија со „Долче Вита Ориент Експрес“?

Читај повеќе