Кои земји досега ја стопираа употребата на AstraZeneca?

Поради бројни случаи на згрутчување крв по примање на вакцината на AstraZeneca, заклучно со денес вкупно 24 земји ширум светот ја прекинаа вакцинацијата со оваа вакцина.

Англиско-шведската вакцина секој ден доживува нови удари откако се зголемува бројот на држави кои престануваат да ја употребуваат, како причина наведувајќи здравствени компликации кај лица кои ја примиле вакцината.

Правата земја која ја откажа AstraZeneca е Данска, а по неа следуваа Норвешка и Ирска. На Стариот континент на ова трио им се придружија и Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Исланд, Германија, Холандија, Луксембург, Австрија, Словенија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Бугарија и Кипар, а интересно, на листата е и Шведска, земјата од каде е поранешната компанија Astra формирана уште во 1913 година и која во 1999 се здружи со британската Zeneca формирајќи ја денешната AstraZeneca.

Во Јужна Америка само Венецуела ја има стопирано вакцината, додека во Африка само Конго ДР. Таму и Јужна Африка не ја употребува, но не ја стопираше поради компликации туку поради тоа што оцени дека е неефикасна против јужноафриканскиот сој.

Во Азија само Тајланд и Индонезија ја стопираа.

Засега нема стопирања во Северна Америка и во Океанија.

СЗО и ЕМА и натаму велат дека вакцината е сигурна и дека државите треба да продолжат да ја употребуваат. Во соопштение, ЕМА објави дека „илјадници луѓе годишно имаат згрутчување на крвта во ЕУ и тоа поради различни причини“ и дека „бројот на такви случаи поврзани со вакцината не е поголем од од просекот генерално“. Додава и дека „сега за сега останува гледиштето дека придобивките од AstraZeneca вакцината во борбата со хоспитализација или смрт од COVID-19 се поголеми од ризикот од несакани ефекти“. Најави и дека в четврток ќе се произнесе за понатамошни насоки во врска со вакцината.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе