Google ја лансираше четвртата бета верзија на Android 12, и иако нема некои поголеми нови функции, сепак е важен чекор во развојот на оперативниот систем.
Android 12 сега ја достигна стабилноста на платформата, што значи дека работата на неговиот развој е речиси завршена. Google во март рече дека се надева дека ќе постигне стабилност на платформата во август, па затоа е на добар пат да го постигне тоа.
Програмерите сега можат да почнат со изведување на нивните најнови тестови за компатибилност без многу грижи дека Android 12 ќе се промени во наредниот период. Конечната бета верзија на Android 12 ќе се појави во наредните недели.
Google очекува Android 12 да биде достапен за корисниците во следните неколку месеци, најверојатно со претстојната серија мобилни телефони Pixel 6.
Иако постои можност да се појават нови карактеристики, најверојатно нема да дознаеме за нив додека Google не објави детали за новите флегшип уреди.
Оние што сакаат да го пробаат Android 12, некои уреди го имаат на располагање, а меѓу нив се телефоните Google Pixel, One Plus, Xiaomi и ZTE телефоните, како и Google TV.