Која боја на автомобили најмногу држи цена, а кои најмногу губат на вредност?

Нова студија ја поврзува бојата на автомобилот со губењето на вредноста на возилото со текот на времето.

Пазарот на половни автомобили го следи пазарот на нови автомобили во однос на трендовите на цените. Меѓутоа, кога станува збор за изборот и понудата на бои, важат некои други правила. Ова е потврдено со студија направена на 1,3 милиони возила од моделот 2020 година, кои беа анализирани од iSeecars помеѓу август 2022 и март 2023 година.

При споредбата на цените и падот на вредноста на автомобилите, земена е во предвид инфлацијата, а потоа цените се споредуваат според бојата и типот на возилото. И резултатите се изненадувачки.

Без разлика на типот на возилото, жолтата е секогаш најценета боја. Иако ретко е прв избор на купувачите при купување ново возило, жолтата боја подобро котира на половниот пазар. По три години, автомобилот губи околу 22,5 отсто од вредноста, додека жолтите автомобили губат само 13,5 отсто.

На второ место е беж бојата со пад на вредноста од 17,8 отсто. Повторно следат егзотичните бои портокалова, зелена и црвена. Белата, сината и сивата се исто така над пазарниот просек. На другиот крај на скалата, неславното последно место го држи златната боја. Тие автомобили по три години губат дури 25,9 отсто од вредноста.

Во случај на кабриолет, просечниот пад на вредноста на возилото по три години е 25,9 отсто, но ако е жолт, тогаш падот е 15 отсто. Кај купеата просекот е 12,2 отсто, а кај жолтите само 5,6 отсто. Најголемата разлика е видлива во доменот на теренците. Тие губат просечна цена од 24,8 отсто, но ако се жолти, падот е само 9,1 отсто.

Вреди да се каже дека студијата го опфаќа американскиот пазар, а само изборот на боја на пазарот на половни возила стари до три години значи разлики во цените и до 5.000 долари.

Дали мислите дека овој тренд важи и на нашиот пазар на половни автомобили или бојата не влијае на цената?

реклама

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Read more

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Read more

Русите први туристи во новото одморалиште во Северна Кореја

Read more

Како да го отстраните непријатниот мирис од одводите?

Read more

Авто новости

Range Rover доби свое ново лого

Read more

Дали следи сериозно поскапување на автомобилите?

Read more

Како Кинезите произведуваат автомобил за само 18 месеци?

Read more

Што ќе се случи ако наточите погрешно гориво?

Read more
 

Автомобили

Range Rover доби свое ново лого

Читај повеќе

Дали следи сериозно поскапување на автомобилите?

Читај повеќе

Како Кинезите произведуваат автомобил за само 18 месеци?

Читај повеќе

Што ќе се случи ако наточите погрешно гориво?

Читај повеќе
  • filter

Најголемата приватна колекција на Citroën автомобили има 125 зачувани примероци

Читај повеќе

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Читај повеќе

Како да реагирате со возилото при невреме и поплавени патишта

Читај повеќе
  • filter

Посебна посвета од Volkswagen за Golf „двојка“

Читај повеќе

Tesla ја отвори својата најголема соларна станица за полнење

Читај повеќе