Која е вистинската функција на машкиот, а која на женскиот оргазам?

Научните истражувања покажуваат дека постојат големи разлики помеѓу машкиот и женскиот оргазам. Имено, човечкото тело е неверојатно, без разлика дали сте жена или маж, бидејќи не само што имате способност да создадете нов живот, туку и навистина да уживате додека го правите тоа.

Наједноставно кажано, функцијата на оргазмот е поврзувањето со личноста со која го споделувате.

Но, кога станува збор за ова уникатно човечко задоволство, постојат некои работи кои можеби не ги знаете. На пример, што се случува со нашиот мозок за време на оргазам? Дали и жените „ејакулираат“ на свој начин како мажите? Дали зачестеноста на оргазмите е иста кај двата пола? Подолу ви ги откриваме тајните и главните разлики помеѓу машкиот и женскиот оргазам.

Во повеќе рунди

Сексот е сложен процес кој вклучува 4 фази: почетна возбуда, елаборација, оргазам и пост-оргазам. Во периодот наречен пост-оргазам, се смета дека втор оргазам е физички невозможен. Иако сексот е сè уште можен кај жените, шансите таа да доживее нов оргазам се минимални, бидејќи секогаш постојат исклучоци од правилото. Најчесто, по оргазмот жената губи интерес за секс, а иако нејзините генитални органи сѐ уште се подготвени да учествуваат во оваа активност, на психолошка основа таа ќе помине низ период на незаинтересираност за секс, кој може да трае неколку минути, но и неколку дена, што не е случај кај мажите.

Времетраење

Кога станува збор за времетраењето на оргазмот, во предност се вагината и клиторисот. Според најновите истражувања, женскиот оргазам трае во просек околу 20 секунди (па дури и подолго), додека ејакулацијата на пенисот и машкиот оргазам траат од 3-10 секунди. Оргазмите може да се разликуваат по должина и интензитет. Тие исто така можат да бидат специфични за личноста и ситуацијата, односно во зависност од тоа дали ги доживувате сами или во дует.

Биолошка намена

Од еволутивна и анатомска гледна точка, сосема е лесно да се разбере зошто пенисот доживува оргазам; процесот ѝ помага на течноста исполнета со сперма да стигне до матката и да ги оплоди сите јајце клетки кои чекаат таму. Човечката раса се потпира на овој процес за да продолжи да прави бебиња. Меѓутоа, кога се во прашање жените, работите не се толку јасни. Според експертите, нема доволно докази за да се покаже дека женскиот оргазам има биолошка цел. Женскиот оргазам може да се гледа како машки брадавици: тие имаат јасна функција кај жените, но не и кај мажите. Некои стручњаци веруваат дека кај жените доаѓа до оргазам за да ги поттикне на поинтимни врски.

Реакции на мозокот

Истражувањата покажаа дека различни области на мозокот стануваат активни за време на сексот, кога станува збор за мажи и жени. Меѓутоа, кога ќе дојде до оргазам, и кај мажите и кај жените се активира областа во малиот мозок, долниот дел одговорен за моторните функции.

Ејакулација

Значи, сите знаеме дека типичната машка кулминација вклучува ејакулација на семената течност. Сепак, истражувањата покажуваат дека само околу 55% ​​од жените исфрлаат белузлава течност од вагината за време на сексот. Но, ова треба да се земе со резерва, бидејќи го наметнува прашањето дали навистина се работи само за тоа дали е некој стимулиран на вистински начин.

Тагови
реклама

Љубов и секс

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе