Колку било исплатливо да се биде римски легионер?

На карпест рид во близина на Мртвото Море во Израел се наоѓа тврдината Масада, а во неа археолозите откриле платен список кој открива детали од животот на познатите римски легионери.

Масада била изградена околу 35 година п.н.е., за време на кралот Ирод Велики. Станала симбол на отпорот на еврејскиот народ за време на Првата еврејско-римска војна.

Римско-еврејскиот историчар Флавиј Јосиф запишал дека сите еврејски востаници извршиле масовно самоубиство пред командантот на X легија наречена Фретенсис, Луциј Флавиј Силва, да ја нападне и заземе тврдината во 73 година. Кога Римјаните продреле внатре затекнале страшна глетка - сите бранители извршиле самоубиство. Како тоа било можно со оглед на фактот што самоубиството е строго забрането во еврејските закони? Се испоставило дека секој човек морал да ја убие сопствената фамилија, а потоа со лотарија било одлучено кој ќе ги убие останатите и на крајот самиот себе.

Колкава била платата на еден легионер?

Архгеолозите со години вршеле ископувања во Масада. На локалитетот и во неговата непосредна близина откриле докази за борбите, врз чија основа успеале да реконструираат што таму се случувало. Еден од тие докази е и откриениот папирус од 72 година со детали за платата на еден римски легионер, т.е. нешто многу слично на платен список.

Папирусот „дава детален преглед на платата на еден римски војник за два платни периоди, вклучително и различните одбитоци кои се применувале“. Со други зборови, покажува многу детален преглед за две од три исплати кои римскиот војник ги добивал на годишно ниво и кои вкупно изнесувале околу 225 денари. Покрај тоа, платата на овој војник вклучувала и пресметки за чизми и ленена туника, па дури и јачмен како храна за неговиот коњ.

„Изненадувачки, деталите укажуваат дека одбитоците речиси ја надминувале платата на војникот“, вели Орен Ејблман, шеф на единицата на Израелската управа за антиквитети.

Тврдината Масада

Оттаму се поставува прашањето дали кај сите случаи било исто? И ако тоа било случај, а доколку легионерот имал толку трошоци и толку мали приходи, кој стимул ги терал овие луѓе да останат во војската? Најверојатниот одговор е дека им било дозволено да ограбуваат за време на воените кампањи.

Уште еден можен стимул и начин да се дополни платата на легионерите може да се најде во документ откриен во пештерата Нахал Хевер во Јудејската пустина, од периодот помеѓу 132 и 135 година. Имено, во него е објаснето како римските легионери заработувале екстра пари давајќи заеми и наплатувајќи камати поголеми од вообичаените за локалните жители кои се задолжувале.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе