Колку долго храната може да трае во фрижидер ако снема струја?

Следете ги овие совети за правилно да ја чувате храната во фрижидер, во случај ако снема струја.

Најважно е како ќе ја спакувате храната во фрижидер и замрзнувач. Намирниците кои брзо можат да се расипат како јајца и млеко не треба да ги чувате во вратата бидејќи е поголема веројатноста температурата да варира отколку ако ги ставите на полиците, каде е изедначена, пишува Reder's Digest.

Температурата на фрижидерот би требало да биде 4 степени Целзиусови и пониско, а замрзнувачот 0 и пониско, за храната добро да се чува.

Потоа, направете резерви од мраз или замрзнати шишиња со вода кои може да ги ставите во фрижидер неколку часа од немањето струја, што овозможува фрижидерот подолго да лади. Исто така, важно е фрижидерот да биде затворен, односно што помалку да го отворате па добро е при рака да имате и конзервирана храна, тестенини, грав и слично.

Колку долго храната може да стои?

Зависи од тоа колку е полн фрижидерот. Ако има многу замрзнати намирници температурата подобро ќе се регулира и помала е веројатноста да се стопат. Од прилика 48 часа во полн фрижидер без струја и 24 часа во полуполн.

Исто така, зависи и од видот на храна. Така, јајцата и млекото ако се на висока температура подолго од два часа ќе почнат да се расипуваат. Сировото месо мора да биде добро завиткано, особено во замрзнувач, за да се спречи истекување во текот на одмрзнувањето.

Кашкавалот не би требало брзо да се расипе, додека меките сирења како моцарела, рикота или крем сирење сер подложни на побрзо расипување.

Што се однесува до овошјето и зеленчукот, ако не е исечкано, како и храната со висок процент на киселина како сосови, кисели краставици и џемови, може да издржи повисоки температури.

Ако нема струја подолго од 4 часа намирници за кои се препорачува да се фрлат се месо, риба, јајца и некои видови сирење. Секако, прво проверете ја состојбата на храната и ако нешто ви е сомнително, подобро е да го фрлите.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе