УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Конте: Зборот страв за мене не постои, но внимателно со Шахтар

Вечерва ќе се бара вториот финалист во второто по квалитет европско клупско натпреварување, а копјата ќе ги вкрстат италијански Интер и украински Шахтар.

Предводникот на „Нераѕурите“, Антонио Конте, не стравува од Украинците кои секогаш пружале добри партии, како во Лигата на шампиони, така и во Лига Европа. Всушност, тимот од Донецк секогаш имал одлични фудбалери, а дел од нив денес играат во најдобрите клубови ширум Стариот континент.

„Се работи за состав полн таленти, а управата и покрај промената на тренери успеа да го задржи високото ниво на работа. Со Шахтар играв кога бев во Јувентус и уште тогаш имаше играчи од типот на Вилијан, Мхитарјан, Луис Адријану, Пјатов, Срна. Сѐ на сѐ, секогаш имале добри играчи, а ги имаат и сега. Пофалба за нив и за нивната управа која секогаш наоѓа силни таленти“, вели Конте.

Шахтар цели 12 години ги предводеше Романецот Мирчеа Луческу со кого ја освоија првата и единствена европска титула кога во сезоната 2008/09 триумфираа во УЕФА Купот. Во 2016 на клупата седна Португалецот Паулу Фонсека, а од минатото лето предводник е неговиот сонародник Луиш Кастру. Сите освојуваа домашни титули. Од ерата на Луческо до денес тимот освои 12 титули шампион на Украина, 9 пати Купот на Украина и 9 пати домашниот Суперкуп.

„Зборот страв не постои во мојот вокабулар и не смее да биде дел ниту во оној на моите играчи. Имаме голема почит за Шахтар бидејќи имата квалитетни играчи. Се подготвувавме многу добро, јасно е дека ова е најсилниот тим со кој се соочуваме до сега во Лига Европа. Ќе им се спротивставиме со почит и со желба да докажеме дека со причина сме во полуфиналето и скапо ќе си ја продадеме кожата за да стигнеме до финалето“, смета италијанскиот стратег.

Натпреварот се игра вечерва со почеток од 21 часот на „Меркур Шпил-Арена“ стадионот во Дизелдорф. Правдата ќе ја дели Полјакот Шимон Марцињак. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе