Третиот сет дресови на Њукасл за новата сезона е во боите на знамето на Саудиска Арабија, земјата која од минатата година стана сопственик на овој англиски прволигаш.
Да потсетиме, на крајот на минатата година, конзорциумот PIF, кој е под директна контрола на саудиските власти, го купи Њукасл.
Англискиот клуб на тој начин стана клуб со најбогати сопственици во светот.
Њукасл претходно носеше зелени дресови во сезоните 2019/20 и 2014/15, а навивачите на социјалните мрежи се изјаснија колку не се одушевени од новиот дрес, кој потсетува на дресот на репрезентацијата на Саудиска Арабија.