Македонската кошаркарска репрезентација доживеа висок пораз вечерва во Киев во 2. коло од мундијалските квалификации.

По високиот пораз од 29 поени разлика на стартот од Шпанија, денеска македонските кошаркари потклекнаа и пред Украина. На гостувањето во Киев домашната селекција триумфираше со 78:61, иако Македонија на полувреме имаше водство од 30:34.
„Одличен, пред сѐ, дефанзивен почеток имавме во Киев. Не му дозволивме на домаќинот да влезе во некој офанзивен елемент. Напротив, ги приморавме Украинците во 9 минути да имаат само 11 реализации“, велат од КФСМ.
По полувремето, во третата четвртина за само 4 минути Украинците направија серија од 11:3, со што поведоа со 41:37. Македонците се вратија во игра израмнувајќи на 41:41, но потоа почна падот кој резултираше со незаслужено висок пораз од 17 разлика.

Најефикасен на паркетот беше домашниот кошаркар Артем Пустовиј кој постигна 18 поени, а потоа следуваше нашиот Бојан Крстевски со 14. Во нашиот табиор забележителен настап имаше и Џејкоб Вајли со 12 поени и 9 скокови. 10 поени постигна Адем Мекиќ, а 7 поени и 6 скока запиша Андреј Маслинско.
Наредните натптревари за нашата репрезентација се во февруари кога на 24 ѝ гостуваме на Грузија, а потоа на 27 на домашен терен го пречекуваме истиот противник.