Кралицата Елизабета тргна на „последното патување“, семејството обединето во жалост

Британска кралица Елизабета Втора тргна на последното патување и илјадници поданици излегоа да ѝ оддадат последна почит. Колата со нејзиниот ковчег тргна од шкотскиот замок во кој таа почина.

Свеченото заминување на ковчегот на Кралицата од замокот Балморал до Единбург го означува почетокот на одисејата на национална жалост што ќе кулминира со државниот погреб во Лондон на 19 септември.

Нејзиното патување започнува ден откако нејзиниот син Чарлс официјално беше прогласен за крал, а нејзините внуци Вилијам и Хари и нивните сопруги се обединија за првпат по две години.

Ковчегот ќе биде изложен четири дена

Мртовечката кола со ковчегот на британскиот монарх со најдолг стаж ќе патува шест часа низ шкотските градови пред да пристигне во Единбург, каде ќе остане два дена за луѓето да може да оддадат почит.

Самиот крал ќе отпатува во Единбург во понеделник за молитвата, пред телото на кралицата, кој почина во Балморал во четвртокот на 96 -годишна возраст, ќе биде префрлен во главниот град во вторник.

Потоа, ковчегот ќе биде изложен на четири дена на настан што ќе се очекува да привлече најмалку еден милион луѓе, во пресрет на погребот што ќе се гледа низ целиот свет и на кој ќе учествуваат бројни претседатели.

Remote video URL

„Таа беше со мене во моите најсреќни моменти“

Принцот Вилијам во саботата ја прекина тишината со емоционална почест кон неговата сакана „бабичка“.

„Таа беше со мене во моите најсреќни моменти. И таа беше со мене во најтажните денови во мојот живот“, рече Вилијам, кој сега стана принц од Велс.

Смртта на кралицата поттикна изненадни глетки на единство меѓу Вилијам (40) и неговиот помлад брат Хари (37), кога излегоа со своите сопруги и разговараа со собраните ожалостени поданици пред замокот Виндзор во близина на Лондон.

Погледот на двата пара, кои едвај се имаат видено од 2020 година, веројатно ќе ги охрабрат гласините за помирување.

Фотографијата на четворицата членови на кралското семејство денеска беше на насловната страница на The Sun со наслов „Сите четворица како едно“.

Членовите на кралското семејство, вклучувајќи ги и децата на кралицата, принцезата Ен и принцовите Ендру и Едвард и нивните семејства, исто така излегоа кај положените цвеќињата пред Балморал, каде што останаа по смртта на кралицата.

Remote video URL

„Очекуваме дека многу, многу луѓе ќе сакаат да оддадат почит“

Симболизмот на последното патување на кралицата ќе биде тежок за нацијата со силни кралски врски, но во која има силно шкотско движење за независност кое има намера да ја сруши вековната заедница со Велика Британија.

Поворката со ковчегот започна во 10 часот по локално време, а потоа ќе помине низ Абердин и Данди пред да пристигне во Единбург во 16 часот. Од ожалостените поданици беше побарано да не фрлаат цвеќе на поворката додека помионува.

Remote video URL

„Очекуваме дека многу, многу луѓе ќе сакаат да оддадат почит“, рече шкотската премиерка Никола Стурџен.

Кралот Чарлс и другите членови на кралското семејство ќе учествуваат во поворката в понеделник, кога ковчегот ќе биде пренесен долж Единбург Ројал Мајл до кадетралата Свети Гил.

Следниот ден ковчегот ќе биде префрлен во авионот на Кралските воздухопловни сили на аеродромот Нортолт во близина на Лондон и ќе биде однесен во Бакингемската палата. Потоа в среда ќе биде преместен во Вестминстер Хол.

Кралот Чарлс ќе ги посети и Северна Ирска и Велс како знак на национално единство, придружуван од британската премиерка Лиз Трсс, која кралицата ја назначи во вторникот.

Чарлс Трети го презеде престолот во време на длабока вознемиреност во Велика Британија, како резултат на растечките трошоци за живот и меѓународна нестабилност предизвикана од војната во Украина.

Remote video URL
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more
 

Вести

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе