Креаторот на една од најпопуларните игрици: Ми го уништи животот, ја мразам

Птицата која ја држите во воздух со кликнување на екранот, притоа избегнувајќи стапици - „Flappy Bird“ - е една од најпопуларните мобилни игрици на сите времиња. Речиси и нема човек што не ја играл, но и покрај тоа, изгледа дека му предизвикала многу главоболки на нејзиниот творец.

Откако во 2013 година програмерот Нгуен Ха Донг ја претстави „Flappy Bird“, стана милионер меѓу студентите на Универзитетот за наука и технологија во Ханој, главниуот град на Виетнам.

По не толку ветувачкиот почеток, игрицата се покажа како светски хит и во еден момент на Донг му носеше повеќе од 50.000 долари дневно од реклами. Сепак, тој ја откри и темната страна на својата слава.

Иако на почетокот го сакал успехот, имајќи пари да си ги дозволи најновите гаџети, излегувања со пријателите и удобен живот, тоа набрзо паднало во втор план.

Игрицата беше на удар на критики откако беше обвинета дека го копирала „Super Mario“, додека Донг беше обвинет и дека пишувал лажни рецензии за да ја зголеми нејзината популарност. Одеднаш младиот човек кој дотогаш водел мирен живот папараците почнале да го бркаат и да го чекаат пред неговиот дом.

Сето тоа му било многу вознемирувачко, додека постовите на корисниците на социјалните мрежи кои пишувале дека „игрицата ги заразила“ му додале сол на раната.

URL

„'Flappy Bird' ми го уништи животот! Ја играм веќе 8 часа и се колнам дека ми крварат очите“, е само еден од твитовите што ги прочитал Донг.

Критики стигнале и од родителите и наставниците кои се пожалиле дека таа има штетно влијание врз животот на децата. Некои пишувале дека потфрлувале на работа поради прекумерно играње, дури и добиле отказ, додека некои признале дека си ги скршиле мобилните бидејќи изгубиле.

Донг на почетокот одговарал на ваквите објави, објаснувајќи дека тоа е „само игрица“ и дека не ја направил за да ги уништи животите на луѓето. Но, ситуацијата кулминирала кога Донг заклучил дека тој е виновен за раздорот во животот на луѓето.

„Можам 'Flappy Bird' да ја наречам мој успех. Но, игрицата исто така ми го уништи мирниот живот. Сега ја мразам“, објасни тој.

Виетнамецот на крајот ја повлече својата игрица, што доведе до смртни закани, а потоа ја врати во мултиплеер формат, но само преку TV set-top box платформата на Amazon. Како и да е, денес постојат нејзини бројни имитации.

Според Vietnamnet, Донг сега воглавно се држи надвор од центарот на вниманието, иако најави дека работи на нова игрица со досега невидена технологија.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе