Ракомет

Криштопанс потпиша за ПСЖ

8. јануари 2019 - 8:37 | МИА

Париз, 7 јануари 2019 (МИА) – Ракометарот на Вардар, Данаис Криштопанс, по завршување на сезоната 2019/20 ќе се пресели во француската престолнина Париз. Тој ќе го засили ПСЖ каде тренер е македонскиот селектор Раул Гонзалес.

„Летонскиот десен бек Даинис Криштопанс ќе ни се приклучи на лето 2020! Добредојде за него!“, објави ПСЖ преку клупскиот профил на Facebook.

Криштопанс изрази задоволството што во иднина ќе има можност повторно да соработува со тренерот Раул.

„Среќен сум што ќе играм за една од најсилните екипи во светот и ќе работам со Раул Гонзалес“, истакна бекот на „црвено-црните“.

Според договорот Криштопанс се обврза на тригодишна соработка со ПСЖ.

Коментирај