Ла Лига им забрани на шпанските тимови да рекламираат обложувалници

Шпанските фудбалски екипи од денеска не смеат да рекламираат на своите дресови обложувалници и казина, а пет прволигашки екипи сè уште не успеаја да најдат заменски спонзори, иако веќе се одиграа три кола од новата сезона.

Реал Сосиедад, Алавес, Кадис, Гранада и Мајорка влегоа во новата сезона без спонзори на своите дресови. Фудбалерите на Кадис изминатиот викенд за последен пат истрчаа на теренот со жолти дресови на кои беше испишано името на филипинската обложувалница Dafabet.

– Баравме правен начин да го задржиме тоа име на нашите дресови, но, сепак, ќе мораме да пронајдеме заменски спонзор. Веројатно ќе успееме во тоа, соопшти клубот од југот на Шпанија, кој годишно од Dafabet инкасираше два милиона евра.

Шпанската левичарска Влада на крајот од минатата година донесе закон со кој рекламирањето на обложувалници и игри на среќа од денеска целосно се забранува на спортски настани, додека на телевизиите и радијата се ограничува само во период од 1 до 5 часот наутро.

Ла Лига, телото кое ги организира натпреварувањата во првата и втората фудбалска лига во Шпанија, објави дека 32 од вкупно 42 професионални екипи имаат спонзор поврзан со секторот на обложување и игри на среќа.

– Да се има толку голем број на фудбалери, кои рекламираат обложувалници, или, носат дресови со име на обложувалници и на тој начин ги повикуваат младите да се обложуваат не е добра порака. Тоа не е игра каква што сакаме, изјави директорот на владиното тело за регулирање на игрите на среќа во Шпанија, Микел Арана.

Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Фудбал

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Read more

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more
 

Спорт

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе