Леао ги израдува фановите пред соочувањето со Интер

Навивачите на Милан останаа вџасени од веста за повредата на нивниот најдобар играч Рафаел Леао на само три дена пред полуфиналето во Лигата на шампионите, но се чини дека работите од ден на ден се подобруваат.

Во 11. минута од пресметката со Лацио во саботата, Леао ја напушти играта поради повреда. Последователните прегледи открија дека Португалецот има благо истегнување на мускулот и дека наскоро би требало да се врати на теренот.

Сепак, сè уште е под знак прашалник дали ќе биде во форма за мечот на годината и пресметката против Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите, која е закажана за в среда.

Неговата денешна изјава ги израдува фановите бидејќи Леао го најави своето брзо враќање.

„Не грижете се, ќе се вратам многу брзо. Оптимист сум. Го направив потребниот третман, а потоа спиев цел ден“, изјави Леао.

Најинтересниот дел од интервјуто на MilanEye беше прашањето за Килјан Мбапе. Леао открива дека брилијантниот Мбапе отсекогаш бил навивач на Милан, што го потврдуваат и бројните слики во дресот на клубот од Сан Сиро.

URL

„Мбапе е најдобриот играч што сум го сретнал. Тој веќе е голем навивач на Милан и треба да дојде во овој клуб“, додава Португалецот.

URL
Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе