Ноќеска во НБА се одиграа само четири натпревари, а во центарот на вниманието беше Леброн Џејмс.
Џејмс стана втор најдобар стрелец во историјата на НБА лигата откако успеа да го престигне легендарниот Карл Мелоун на вечната листа. Беше на 20 поени зад тоа второ место, а на натпреварот против Вашингтон постигна 38 со што ја презеде оваа позиција.
Достигнувањето го направи во втората четвртина кога откако поентираше времето застана на 5:06, а публиката стана на нозе за да го посздрави со громогласен аплауз.
Леброн сега има 36.947 поени на своето конто, а пред него е само најдобриот стрелец во историјата на НБА, Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.
Џејмс на натпреварот со Вашингтон забележа и 10 скока и 6 асистенции, но и тоа не беше доволно за Лејкерс да избегнат пораз. Вашингтон славеше со 127:119 најмногу благодарение на Кристапс Порзињѓис кој постигна 27 поени.
Одличен индивидуален учинок во поразот на својот тим имаше и Лука Дончиќ. Во поразот на Далас на гостувањето кај Шарлот со 129:108, Словенецот постигна 37 поени со дури 8 тројки, но немаше расположени соиграчи.
Резултати:
Минесота Тимбервулвс - Милвоки Бакс 138:119
Шарлот Хотнетс - Далас Маверикс 129:108
Кливленд Кавалирс - Детроит Пистонс 113:109
Вашингтон Визардс - Лиос Анџелес Лејкерс 127:119
Табела: