ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

L'Équipe: Голот на Аргентина за 3:2 требаше да биде поништен

Аргентина го освои Светското првенство откако во брилијантното финале во Доха по изведувањето пенали со 4:2 ја победи Франција.

По 120 минути беше 3:3 и тоа откако до 80-та минута Франција губеше со 2:0. Тогаш Килјан Мбапе со два гола го однесе натпреварот во продолженија, каде во 108. минута Меси ја врати Аргентина во предност, а Мбапе во 118 минута од пенал го заокружи хет-трикот за целосен пресврт и враќање на Франција.

Аргентинците беа многу посмирени во пеналите и ги погодија сите четири. Мартинес му одбрани на Коман во втората серија, а потоа Чуамени го промаши целиот гол за да ја обезбеди титулата за Аргентина со пеналот на Монтиел во четвртата серија, по што Франција ни теоретски не можеше да се врати.

Сепак, француски L'Équipe тврди дека воопшто не требало да има пенал и дека голот на Меси за 3:2 требало да биде поништен. Имено, на социјалните мрежи се појави снимка од стадионот на која се гледа дека во моментот пред Меси да ја шутне топката покрај Лорис за 3:2, двајца резервни играчи на Аргентина влегле на теренот и се загревале во близина на аут линијата.

Целата акција ја следеа во еуфорија и втрчаа на терен пред топката да ја помине линијата поради што, Шимон Марцињак, теоретски, требаше да ја прекине играта, односно да го поништи голот. Правилата јасно кажуваат дека голот мора да биде поништен ако тимот има премногу играчи на теренот во текот на играта, што беше случај овде. Но, тоа веројатно би било премногу сурова одлука во овој случај.

URL

Што мислите вие? Дали требаше Марцињак да реагира?

Тагови
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе