Лукаревска: Следува зголемување на лимитот за поврат на ДДВ

Со ребалнсот предвидовме 76 милиони евра за нови антикризни мерки, помош за граѓаните и компаниите за намалување на последиците од глобалната енергетска криза, но тука се други мерки кои остануваат да се применуваат и кои се директна поддршка на стандардот на граѓаните, изјави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

– Одвоивме 76 милиони евра за нови антикризни мерки, дополнително, три милијарди денари за земјоделството, 2,2 милијарди за мерката МојДДВ, за гарантирана социјална помош, останува мерката за субвенционирање за повисоки плати, зголемена минималната плата, пари за енергетска сиромаштија но мерки за зголемување на енергетската ефикасност и зголемвање на производството на струја. Преку одлука на Владата доделивме уште 50 милиони евра за ЕСМ дополнително да го зголеми производството, рече Лукаревска во Тема на денот на телевизија Сител.

Таа додека дека глобалната криза е сериозен предизвик со којшто се соочуваме ние, но и целиот регион.

Лукаревска рече дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати, со право е најпопуларна мерка и додаде дека следува зголемување на лимитот според најавеното и ветено пред граѓаните.

– Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што допринесува за подобрување на стандардот на граѓаните, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат назад во домашниот буџет. Новината која од 01.01.2023 година треба да започне е зголемување на лимитот за поврат на средствата, како што ветивме пред граѓаните и како што стои во владината програма, рече Лукаревска.

Лукаревска порача дека за оваа година имаат највисок план да соберат приходи во вид на даноци. Посочи дека ако правиме споредба со претходната година, имаме за 18,3 проценти повеќе наплата на даноците. Додаде дека има одредени забелешки од компаниите дека имаат проблем со ликвидноста.

– На дневна основа следиме како оди процесот на полнење на Буџетот. Онаму каде има проблеми компаниите добиваат известувања. Компаниите имаат свои проблеми, права и обврски во делот на даноците. Се бараат соодветни решенија за да се помогне на кој било даночен обврзник, рече Лукаревска.

Таа информира дека 11 посто од комапниите и оваа година и лани немаат исплатено плати во законски предвидениот рок за јуни, а за јули тоа е околу 22 посто.

Во однос на уставните измени, Лукаревска смета дека кај сите политички партии има голема волја, свест и самосвест дека друга опција во моментов немаме.

– Сега треба да ни се оствари и оваа цел. На брза лента сме ставени кон европската интеграција, но не смееме да скокнеме од неа. Знаеме дека јазикот и историјата се забетонирани. Убедена сум дека уставните измени ќе поминат во Собранието, вели Лукаревска.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе