Мадона со таинствен спот го најави новиот албум
Мадона сега е Madame X. Кралицата на поп музиката објави кратко видео во кое претстави дел од нова песна и потврди дека нејзиниот нов, 14 албум ќе се вика „Madame X“, пишува Billboard.
Таинствената снимка ја следи поп кралицата како во неколку наврати ја менува облеката, што ја симболизира промената на алтер-егото, а низ видеото објаснува дека Madame X е таен агент кој патува низ светот менувајќи идентитети, борејќи се за слобода.
„Madame X“ ќе биде 14 студиски материјал на Мадона и прв албум од 2015 година, по објавувањето на албумот „Rebel Heart“.