Маестралниот Никола Јокиќ продолжи да се истакнува во НБА лигата и стигна до својот 80-ти трипл-дабл учинок во тоа натпреварување.
Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до победата над Јута Џез од 115:110 со 31 поен, 12 скока, 14 асистенции и 4 блокови.
На овој начин тој стана само шестиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 80 или повеќе трипл-дабл и првиот центар кој го направил тоа.
Повеќе трипл-дабли од Јокиќ во НБА имаат остварено само Расел Вестбрук (194), Оскар Робертсон (181), Меџик Џонсон (138), Џејсон Кид (107) и Леброн Џејмс (105).
Резултати:
Мајами Хит - Сан Антонио Спарс 111:115
Индијана Пејсерс - Бруклин Нетс 133:136
Вашингтон Визардс - Лос Анџелес Клиперс 114:110
Кливленд Кавалирс - Оклахома Сити Тандер 110:102
Чикаго Булс - Далас Мваерикс 144:115
Голден Стејт Вориорс - Бостон Селтикс 123:107
Денвер Нагетс - Јута Џез 115:110
Портланд Треил Блејзерс - Минесота Тимбервулвс 124:118
Табела: