Мајката на Стифлер откри дека благодарение на American Pie спиела со 200 партнери

Актерката Џенифер Кулиџ, која глумеше во популарната комедија „American Pie“ од 1999 година, откри дека улогата ѝ донела многу повеќе задоволство отколку слава.

Џенифер, која на крајот на август ќе го прослави 61. роденден, изјави дека спиела со дури 200 партнери, што, како што вели, никогаш немало да се случи да не бил споменатиот филм каде го играше ликот на мајката на Стивен Стифлер.

Иако за неа таа улогата била „неславна“, се пошегува дека ѝ „донела многу акција“.

Зборувајќи за Variety, таа рече: „Имав многу сексуални дејствија во 'American Pie'. Имаше толку многу придобивки од снимањето на тој филм. Мислам, ќе имаше околу 200 луѓе со кои никогаш не би спиела ако не беше таа улога“.

Remote video URL

По оригиналниот филм, Џенифер се појави во неговото второ продолжение „American Pie 2“, а потоа и во „American Wedding“ и „American Reunion“, а имапе улоги и во други филмови како „Legally Blonde“, „A Cinderella Story“, како и мини улога во популарните серии „Frasier“, „Sex and the City“ и „Friends“.

Ликот на Џенифер беше дел од подзаплетот во филмот, во кој таа (успешно) тргна да го заведе соученикот на нејзиниот син Стив, Пол „S**t Break“ Финч, кој го играше Еди Кеј Томас.

Пред комедијата „American Pie“, Џенифер призна дека се мачела да добие улоги во филмови, но како што рече, годините на одбивање само направиле да се чувствува како да нема што да изгуби.

„Стравот исчезнува кога ќе се навикнете да губите. Има одредена слобода во тоа“, рече таа.

Remote video URL

Актерката неодамна доби улога во серијата „The White Lotus“, која ѝ ја донесе првата номинација за Еми, но и ѝ обезбеди влез во втората сезона како единствен главен лик кој доби улога без аудиција.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Прв тизер за долгоочекуваната суперхеројска серија со Николас Кејџ

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кевин Спејси ја доби првата голема улога по скандалот

Read more

Македонскиот краток филм „Избор“ освојува меѓународни награди и признанија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за долгоочекуваната суперхеројска серија со Николас Кејџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кевин Спејси ја доби првата голема улога по скандалот

Читај повеќе

Македонскиот краток филм „Избор“ освојува меѓународни награди и признанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Големи промени на Netflix: AI ќе ви помага да пронајдете филмови и серии

Читај повеќе

Поткастите влегуваат во конкуренција за Златен глобус

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв акустичен концерт на Д.Н.О. по 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави тизер за последната сезона на Squid Game

Читај повеќе

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Читај повеќе