Македонскиот амбасадор во Албанија на консултации со Муцунски по објавените податоци од пописот

Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи по објавените резултати од пописот на населението каде македонското малцинство е преполовено во споредба со претходниот попис.

МНР најави дека со него планира да ги прецизира недостатоците и недоследностите во пописниот процес.

„Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од МНР.

Македонските здруженија не ги прифаќаат резултатите од пописот. Велат дека македонското малцинство било под притисок на бугарски здруженија кои се заканувале со одземање на бугарските пасоши. Најавуваат неформален попис кој ќе ги покаже вистинскиот број на Македонци кои живеат во Албанија.

Стерјовски, во името на Македонската алијанса за европска интеграција – МАЕИ вели дека станува збор за фалсификувани податоци, наведувајќи дека не е можно да има само 2.281 Македонец иако на пописот во 2011 година биле регистрирани 5.512 Македонци. МАЕИ, единствената политичка партија на Македонците во Албанија, тврди дека на подрачјето на Преспа, Гора и Голо Брдо, каде што живее македонското малцинство, притисоци вршеле официјални претставници на Бугарија, откако низ годините беа делени бугарски пасоши на албански државјани чија цел била работа во земјите на ЕУ.

„Пред почетокот на пописот, но и за време на пописот на подрачјето на Преспа, Гора и Голо Брдо, каде што живее македонското малцинство, доаѓаа претставници на бугарските институции кои донираа разни средства, подароци и хуманитарна помош, но и правеа пропаганда за жителите да се изјаснат како Бугари во замена за бугарски пасош“, нагласуваат од МАЕИ.

Според тамошниот бугарски амбасадор, Ивајло Киров, владата во Тирана овозможила жителите со бугарско потекло, слободно да ја изразат својата етничка припадност.  7057 лица се изјасниле на пописот дека имаат бугарска националност во краевите кадешто живее македонското малцинство.

„Искрено сме многу изненадени од резултатите. Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија и за Балканот“, изјавил Киров.

Тагови
реклама

Голем неделен финансиски хороскоп за секој знак

Read more

Кога потењето е причина да побарате лекарска помош?

Read more

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Македонија

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за VII одделение

Read more

Левица: Изјавите на амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Read more

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не нѐ плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Read more
 

Вести

WikiLeaks објави таен документ на израелското разузнавање

Читај повеќе

Свечено доделување на наградите „Антево слово 2024“ на 10 јули

Читај повеќе

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Читај повеќе

Издадено предупредување за силно невреме во Грција

Читај повеќе

Јапонија издаде нови банкноти со 3D холограм за да спречи фалсификување

Читај повеќе

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за VII одделение

Читај повеќе

Полицаец во Германија останал без работа бидејќи украл чедар од превртен камион

Читај повеќе

Јапонија конечно ги исфрли од употреба флопи дисковите од владините канцеларии

Читај повеќе

Дали Трамп може да ја заврши војната во Украна ако стане претседател на САД?

Читај повеќе