ЕХФ Ж ЕУРО 2022 СЛОВЕНИЈА / МАКЕДОНИЈА / ЦРНА ГОРА

Македонските ракометарки поразени од Франција на стартот на ЕУРО 2022

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Франција со 14:24 во својот прв настап на Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ го почнаа лошо и по 15 минути имаа негатива од 0:5. На првиот наш гол се чекаше до 16. минута кога погоди Јована Кипријановска. Во 21. минута македонската репрезентација се доближи на 3:6, но повторно следуваа пет врзани гола на Французинките за највисоки +8 во првото полувреме (3:11). На пауза се отиде со резултат 5:12.

Франција, која пред средбата важеше за апсолутен фаворит, слично го почна и второто полувреме. Со серија од 3:0 за првпат стигна до двоцифрена предност (5:15). Оваа разлика им овозможи на гостинките со рутинирана игра да дојдат до сигурна победа.

Најефикасна во македонскиот состав воедно и на натпреварот беше Моника Јанеска со 5 гола.

„Црвено-жолтите“ бодрени од околу 3.000 гледачи вечерва не успеаја да направат изненадување против актуелниот олимписки шампион, па шансата за први бодови ќе ја бараат в понеделник против Холандија.

Холанѓанките во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски“, ќе играат со  Романија по што ќе се комплетира првото коло во Ц групата на ова ЕУРО 2022 кое се одржува уште и во Црна Гора и Словенија.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Ракомет

Ракометна револуција: Се проширува Лигата на шампионите

Read more

Почина поранешниот селектор Илија Темелковски

Read more

Рубен Гарабаја ќе го предводи Еурофарм Пелистер

Read more

Алкалоид доби германски противник во квалификациите за Европската лига

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе