Мама не го пушта Илон Маск да се степа со Закерберг

Пред да се сретне со Марк Закерберг во октагонот, изгледа дека Маск прво ќе мора да ја убеди мајка си дека тоа е добра идеја.

Додека целиот свет чека да види кој е посилен, сопственикот на Facebook или сопственикот на Twitter, еден човек не сака да се случи тепачка во кафез. Токму Меј Маск, мајката на Илон Маск, сега се обидува да го одврати сина си од оваа идеја.

И покрај тоа што Марк Закерберг тренира џиуџицу и се натпреваруваше на некои турнири, сопственикот на компанијата Tesla е решен да се соочи со него во октагонот во Лас Вегас. Згора на тоа, според првиот човек на УФЦ, милијардерите се „ептен сериозни“ кога е во прашање оваа борба, а Маск не сака да се ограничи на одредена вештина, туку мечот да се одржи според правилата на ММА.

Но, во приказната се приклучи и мајката на Маск која на својот Twitter профил го изрази своето незадоволство од ваквата одлука. Меј налутено го советувала пријателот на Маск, Лекс Фридман, да не го „охрабрува“ нејзиниот син, а потоа предложила алтернатива: „Борете се со зборови. Секој добива три прашања - најсмешните одговори победуваат. Кој се согласува?“

И покрај незадоволството на мајка му, се чини дека Илон Маск многу сериозно ја сфатил оваа борба, бидејќи веќе почнал да тренира. Милијардерот веќе го посети Лекс Фридмен за да ја подобри својата техника, што познатиот водител на подкаст го објави на својот профил. Сепак, се чини дека Меј Маск успеа да го убеди пријателот на Илон дека борбата не е добра идеја, бидејќи Лекс покрај сликата напишал дека повеќе би сакал милијардерите „да тренираат боречки вештини, а не да се борат во кафез“.

URL
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Чек дис аут

7 најлегендарни изгубени градови

Read more

Топ 15 најморничави напуштени градови

Read more

Зоо измама: Обоиле кучиња и ги претставиле како панди

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more
 

Магазин

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Читај повеќе

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Читај повеќе

Терапевтка споделува кога времето пред екран може да биде добро за децата

Читај повеќе

Истражување покажа која боја на облека нѐ прави најпривлечни за другите

Читај повеќе

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе