УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Marca: Итно треба да се провери датумот на раѓање на Лука Модриќ

Лука Модриќ одигра одлично во победата на Реал од 3:1 против Челси во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Тројниот стрелец Карим Бензема заслужено е прв меѓу фалените, но Модриќ е веднаш до него во извештаите на најчитаниот шпански весник.

„Којзнае која е лекцијата на Лука Модриќ, великанот кој никогаш не се уморува во владеењето со најголемата фудбалска сцена. Кај првакот на Европа одигра како што само тој знае, како играч кој на Реал му донесе три ЛШ титули по ред. Хрватот и на враќањето во Лондон покажа каков е, никогаш не разочарува на големи натпревари“.

„Крајно време е да се провери датумот на раѓање во пасошот и во изводот на родените“, пишува понатаму Marca, со чудење што Модриќ, на возраст од 36 години и 7 месеци, игра како да е десет години помлад. Модриќ не само што го издржа целиот натпревар, туку и најмногу истрча на теренот - дури 10,95 километри.

„Модриќ од Бензема направи Меси“

Marca вака ја опишува одличната асистенција на Модриќ за вториот гол на Бензема: „Тој одлично центрираше, но и му даде голем предизвик на Бензема со вака испратената топка. Сепак, тој одлично одговори на ракавицата што Модриќ му ја фрли“.

Со овој центаршут, тој му овозможи на Бензема да стане наследник на Меси или совршена копија на неговиот незаборавен гол во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед во 2009 година. Французинот сега постигна гол на центаршутот на Хрватот како и Аргентинецот пред 13 години“.

Весникот не штедеше пофалби за Модриќ: „Тој не само што му асистираше на Бензема за голот, туку генерално секогаш наоѓаше простор во контрите, како на пример кога перфектно му асистираше на Винисиус, но тој не успеа да постигне гол. Зачудувачки е како ветеранот Модриќ непотресен го издржува интензитетот на олку големи натпревари“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе