Поранешниот ракет број еден во светот Енди Мареј за CNN изјави дека веројатно го прележал коронавирусот.
Сепак, трикратниот добитник на Грен слем не е сигурен, бидејќи тој не направил тест, откако се чувствувал подобро по околу една недела третман дома.
– Тестовите се наменети за луѓе во посложена состојба и за медицинскиот персонал. Се чувствував лошо 2-3 дена пред да се објави карантинот. Бев изолиран дома. Разговарав со луѓе кои ги имаа истите симптоми, но невозможно е да се утврди дали го носиш вирусот или не, вели Мареј, кој е песимистички настроен во врска со скоро враќање на тенисот.
Уште повеќе, тој верува дека тенисот од сите спортови последен ќе го продолжи нормалниот ритам.