Мароко има џокер за финалето на СП 2030: Го гради најголемиот стадион на планетата

Откако Мароко им се придружи на Шпанија и Португалија во кандидатурата за организација на Мундијалот во 2030 година, сега сака да има и водечка улога во проектопт со најголемиот стадион во светот.

Владата на Мароко и Фудбалската федерација на оваа земја го потврдија почетокот на изградбата на стадионот „Гран Казабланка“ кој ќе има најголем капацитет во светот од 115.000 седишта. Моментално најголем стадион е „1 Мај“ во севернокорејскиот главен град Пјонгјанг, кој има капацитет од 114.000 седишта.

Проектот го направи американската компанија Populous, изградбата ѝ е доверена на домашната компанија SONARGES, а финансиската проценка за овој стадион е 490 милиони долари. Почетокот на работите доцни три месеци, а планираното отворање на стадионот е планирано за 2028 година.

URL

Најголемиот стадион во светот ќе биде дел од џиновски комплекс со површина од 100 хектари, а оддалеченоста од центарот на Казабланка ќе биде дури 38 километри, но ќе биде во близина на аеродромот „Бен Слиман“. Се очекува по завршувањето на Мундијалот во 2030 година, стадионот да го делат двата големи градски казаблански ривали Видад и Раџа.

Со овој стадион Мароко ќе се надева дека ќе ка добие организацијата на финалето. Инаку, воведните три натпревари ќе се играат во Арегентина, Парагвај и Уругвај, кои ФИФА ги одреди како кодомаќини за да се прослави 100-годишнината од првиот Мундијал кој во 1930 се играше во Уругвај, на кој учествуваше и Парагвај, а во финалето Уругвај со 4:2 ја победи Аргентина.

Стадиони кои се кандидати за Мундијалот 2030:

Португалија

„Да Луж“ (Лисабон) – 64,642
„Жузе Алваладе“ (Лисабон) – 50.095
„Драгау“ (Порто) – 50.033

Мароко

„Гран Казабланка“ (Казабланка) – 115.000
„Принс Мулај Абдалах“ (Рабат) – 69.500
„Ибн Батута“ (Танжер) – 88.000
„Адрар“ (Агадир) – 55.000
„Маракеш“ (Маракеш) – 45.240
„Фез“ (Фес) – 45.000

Шпанија

„Камп Ноу“ (Барселона) – 105.000
„Сантјаго Бернабеу“ (Мадрид) – 85.000
„Метрополитано“ (Мадрид) – 70.000
„Ноу Местаља“ (Валенсија) – 70.000
„Ла Картуха“ (Севиља) – 60.000
„Сан Мамес“ (Билбао) – 53.331
„Риасор“ (Ла Коруња) – 45.000
„Ла Росаледа“ (Малага) – 45.000
„Ла Ромареда“ (Сарагоса) – 42.500
„Нуева Кондомина“ (Мурсија) – 42.000
„Гран Канарија“ (Лас Палмас) – 40.000
„Корнеља-Ел Прат“ (Барселона) – 40.000
„Ел Молинон“ (Хихон) – 40.000
„Балаидос“ (Виго) – 40.000
„Аноета“ (Сан Себастијан) – 40.000

Тагови
реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе