Маск: До 2050 година веројатно во секој дом ќе има хуманоиден робот

Американскиот милијардер, бизнисмен и визионер Илон Маск тврди дека до 2050 година веројатно во секој дом ќе има хуманоиден робот.

Маск во едно неодамнешно интервју рече дека неговата компанија Tesla развива технологија за самоуправување и ја пренесува својата работа на роботиката, а исто така рече дека повеќето домови ќе имаат хуманоиден робот во не толку далечна иднина. Тој како услов го наведе напредокот на технологијата за вештачка интелигенција.

„Додека го решавате проблемот со технологијата за вештачка интелигенција за автомобили, кои всушност се роботи на тркала, можете исто така да ги генерализирате решенијата за роботите на нозе“, рече Маск.

Тој го истакна фактот дека компаниите како Boston Dynamics го покажаа својот потенцијал во развојот на хуманоидни роботи, но тој исто така рече дека сè уште не сме многу блиску до користење на технологијата за вештачка интелигенција за да им помогнеме на домаќинствата.

„Работите што моментално недостасуваат се доволна интелигенција за роботот да се движи наоколу во реалниот свет и да прави корисни работи без потреба од експлицитни инструкции. Тоа се работи во кои ние во Tesla сме многу добри. Треба да дизајнираме специјализирани актуатори и сензори кои се потребни за хуманоиден робот. Луѓето сè уште не се свесни за тоа, но ова ќе биде позначајно од автомобил“, рече Маск.

Тој нагласи дека светот ќе мора да работи напорно за да избегне дистописко сценарио кога технологијата на вештачка интелигенција е во прашање. Маск истакна дека неговата компанија Neuralink е делумно основана со цел да се „ублажи заканата од AI технологијата“.

Американскиот бизнисмен рече дека локализираниот ROM чип кој нема можност за ажурирање „over the air“ може да помогне во одржувањето на безбедноста, вклучително и способноста роботот да ја препознае командата и да ги прекине тековните активности кога некое лице сака. Тој исто така додаде дека треба да има регулаторна агенција за технологијата на вештачка интелигенција.

Маск верува дека хуманоидниот робот прво ќе извршува опасни и здодевни работи кои човекот не сака да ги прави, а потоа ќе стане понапреден и тоа ќе му овозможи да се грижи за луѓето, да подготвува оброци, да коси тревник и многу повеќе.

„Мислам дека годинава ќе имаме интересен прототип. Можеме да добиеме нешто корисно следната година, но поголеми се шансите тоа да се случи за две години“, рече Маск.

Исто така, рече дека цената за хуманоиден робот веројатно ќе биде помала од цената на автомобил, иако првично ќе биде висока.

„Од година во година, ќе видиме брзо зголемување на корисноста на хуманоидните роботи, намалување на трошоците и зголемување на производството“, додаде Маск.

Tesla развива роботски проект наречен Optimus кој напредува побрзо од очекуваното.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе