Маск ги нападна OpenAI, оттаму остро одговорија: Криво му е што не работи со нас

Илон Маск неодамна поднесе тужба против компанијата OpenAI и нејзиниот шеф Сем Алтман, бидејќи верува дека бил измамен кога од него било побарано да биде партнер за развој на модели со вештачка интелигенција. Сега доби одговор.

Да потсетиме, Маск тврди дека во 2015 година, шефовите на OpenAI го убедиле да помогне во основањето и финансирањето на тогашниот стартап OpenAI и ветиле дека тоа ќе биде непрофитна организација фокусирана на спротивставување на конкурентната закана од Google.

Основачкиот договор бараше OpenAI да ја направи својата технологија „слободно достапна“ за јавноста, се вели во тужбата.

„Во реалноста, сепак, OpenAI е претворен во де факто подружница на најголемата светска технолошка компанија Microsoft“, се тврди во тужбата, додавајќи дека OpenAI ја усовршува вештачката интелигенција за да го максимизира профитот на Microsoft, а не да му служи на човештвото.

Тој смета дека оваа постапка е „целосно предавство на Основачкиот договор“ на тогашниот стартап OpenAI. Според тужбата, Маск и дал на компанијата повеќе од 44 милиони долари помеѓу 2016 и септември 2020 година и бил нејзин најголем донатор во првите неколку години.

Сега, OpenAI жестоко одговори на тужбата на Маск, наведувајќи дека „категорично не се согласува со неговите тврдења“. Тие тврдат дека постигнале значителен напредок кон нивната мисија и покрај неговите тврдења и се „посветени на унапредување на технологијата за вештачка интелигенција во корист на општеството“.

Според интерната е-пошта OpenAI испратена до вработените, компанијата „категорично не се согласува“ со тужбата на Маск, објави Bloomberg.

Главниот директор за стратегија на OpenAI, Џејсон Квон, ја отфрли изјавата на Маск дека OpenAI е „де факто подружница на Microsoft“ и рече дека „ставот на Маск може да потекнува од неговото жалење што денес не e вклучен во компанијата“.

Квон во меморандумот рече дека мисијата на компанијата е „да се погрижи AGI (вештачка општа интелигенција) да им користи на сите луѓе“. Тој исто така додаде дека OpenAI е независна и директно се натпреварува со Microsoft.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе