Документ открива дека вработените во Twitter биле свесни дека поранешниот американски претседател не ги прекршил правилата.
Twitter трајно го суспендираше Доналд Трамп во деновите по 6 јануари кога толпа народ упадна во Капитолот, иако вработените признаа дека немале легитимна причина да го банираат тогашниот американски претседател, според интерни дописи откриени од новинарката Бери Вајс.
Пораки испратени во меѓусебна комуникација помеѓу вработени во Twitter излегоа синоќа во јавност благодарение на Вајс. Наречени Twitter Files, ова е петти пакет документи кои излегуваат на виделина.
„Под притисок на стотици вработени активисти, Twitter го избришал Трамп... иако тие самите биле свесни дека не ги прекршил правилата“, напиша Илон Маск.
И покрај тоа, стотици вработени во Twitter испратија потпишано писмо до Washington Post барајќи од тогашниот извршен директор на Twitter, Џек Дорси, да го банира Трамп, што и се случи.