Масовна тепачка на кошаркарски натпревар (Видео)
Во четврт финалето од кошаркарскиот плејоф во втората кинеска лига NBL, на средбата меѓу Хенан и Гуангси дојде до масовна тепачка во која учествуваа сите играчи на двата тима.
Во првиот меч Гуангси славеше со резултат од 114:102, а на вториот во гости имаше предност, што на домаќините воопшто не им беше драго, па еден од играчите направи намерен и многу груб прекршок над Исаија Остин, поради што настана општа тепачка на теренот.
Комесарот на лигата, легендарниот Јао Минг, донесе драстична одлука и реши да ги исфрли и двете екипи од плејофот.