Матурантите привремено го прекинуваат бојкотот на наставата од 6 до 12 февруари

Сојузот на средношколци попладнево соопшти дека од 6 до 12 февруари привремено ќе го прекине бојкотот на наставата.

– По нашите средби со пратениците во Собранието, Сојузот на средношколци е сигурен дека ја ужива поддршката на повеќе од 70 пратеници во законодавниот дом. Во тој поглед, Генералното собрание на Сојузот одлучи привремено да прекине со бојкотирањето на наставата – од 6 до 12 февруари 2021 година – ова значи дека во петок (5 февруари) ќе се бојкотира, стои во соопштението.

Од Сојузот на средношколци појаснуваат дека нивниот бојкот е последица на немањето слух за нивните проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози.

– Истото нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на годинашната државна матура. Ни требаат и квалитетна настава и изменета дражавна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања, велат од Сојузот на средношколци. 

Средношколците ја бојкотираа наставата барајќи да се скрати бројот на предмети за полагање на државна матура од четири, на два.

Министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за МИА порача дека нема друга опција освен да ја спроведе државната матура, за која вели дека сите ученици што сакаат да полагаат, ги пријавиле предметите во рокот и нема право да им го ускрати тоа право. Таа порачува дека сега сите рокови се одминати за да се прави нов концепт за матура, што е во план да се подготвува за наредната година.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе