Медицинска диета: Мени со кое ќе изгубите пет килограми за пет дена

За некои позната како болничка диета, медицинската диета гарантира губење килограми за краток временски период. Оваа диета за слабеење е една од најпознатите во светот, но доколку не се применува правилно, може да биде опасна.

Името го добила затоа што слична диета (режим на исхрана) се препорачува за срцеви болни бидејќи им дава енергија и неопходни хранливи материи, а сепак поттикнува брзо слабеење. Дебелината е опасна по здравјето, особено кога се работи за кардиоваскуларни и срцеви заболувања.

Основите на медицинската диета се да се практикува пет дена по што е неопходно да се направи пауза. Применувајќи ја оваа диета, може да изгубите до пет килограми за една недела. Иако постојат различни правила на медицинската диета, за да ослабете не треба да внесувате повеќе од 1.000 калории дневно.

Што е медицинска диета?

Медицинската диета го намалува бројот на калории што може да се внесат во текот на денот. Вообичаениот внес на калории во текот на денот инаку би требало да биде околу 2.000 за жени и околу 2.500 за мажи. Оваа количина зависи од саканата тежина, здравје, градба и навики на личноста. Но, во медицинската диета може да консумираат од 800 до 1.000 калории дневно. Ова поттикнува брзо губење на тежината. Поради намалениот внес на калории, телото е принудено да ги топи мастите и на тој начин да ги изгуби вишокот килограми.

Правила и што точно да се јаде?

Правилото на медицинската диета е дека не треба да се јаде повеќе од три пати на ден. Значи, не треба да имате меѓуоброци и ужинки, туку само три главни јадења - појадок, ручек и вечера. Исто така, се препорачува да ги намалите оброците во споредба со оброците што сте ги јаделе додека не сте биле на диета, како и да додадете многу зеленчук, билки и зачини.

Со медицинскаta диета многу е важно да се прават паузи. Оваа диета може да се користи пет дена, но после тоа е неопходна пауза. Доколку сакате да продолжите да го практикувате, да ги видите резултатите и да се чувствувате добро, може да се повторува три пати по пет дена. Сепак, во никој случај не е препорачливо да ја држите повеќе од 15 дена. По 15 дена медицинска диета, задолжително направете пауза од најмалку 15 дена, а потоа започнете нов циклус.

Во оваа диета треба да се избегнува мрсна храна, а акцентот треба да се стави на посно месо, зеленчук, овошје и вода. Така, може да се консумира немасно месо како живина и зеленчук и овошје со малку јаглехидрати. Дозволено е да се јадат сите билни зачини, пипер, цимет, оцет и кечап. Месото и зеленчукот смее да се зачинуваат, а месото да се пече без масло или маснотии.

Што се однесува до течностите, се препорачува да се зголеми внесот на вода и сокови кои не се дополнително засладени. Најдобрата опција е исцеден сок од лимон.

Храна што треба да се избегнува со медицинска диета се тестенини, слатки, колачи, леб, компири, слатки, полномасно млеко или други полномасни млечни производи и мрсно месо. Треба да се избегнуваат засладени газирани пијалоци и алкохол.

Предности на медицинската диета

Оваа диета има неколку предности и недостатоци кои треба да ги земете предвид пред да започнете со практикување. Се препорачува да се консултирате со лекар пред употреба, особено ако имате некакви здравствени проблеми. Еве неколку предности на медицинската диета.

1. Брзи резултати

Главната предност на медицинската диета и причината за нејзината популарност е брзото слабеење за краток временски период. Секако, слабеењето зависи од други фактори, не само од исхраната, но се верува дека за пет дена може да се изгубат и до пет килограми. Брзите резултати може да бидат одлична мотивација да продолжите да живеете поздрав живот со квалитетна исхрана.

2. Лесна за следење

Медицинската диета нема многу правила, а постоечките не е тешко да се следат. Со оваа диета не е неопходно да се троши премногу време за подготвување оброци, а веќе постои и мени за медицинската диета. Храната што треба да ја консумирате може да се купи во речиси секоја продавница или пазар. Оваа диета е достапна за секого.

3. Не е скапа

Диетите за слабеење понекогаш може да бараат консумирање на тешко достапни или скапи намирници. Во медицинската диета, менито вклучува едноставни намирници кои не се скапи. Ова е уште една причина зошто оваа диета е достапна за секого.

Недостатоци на медицинската диета
1. Намалени нивоа на хранливи материи

Иако целта во оваа диета со малку маснотии е да се внесуваат доволно хранливи материи, понекогаш тоа не е така лесно. Поради генерално намалената количина на храна што ја јадете, можеби нема да добивате доволно хранливи материи. Нема многу разновидност во медицинската исхрана, што значи дека нема доволно различни витамини и минерали што би можеле да ги внесете. Ова може да резултира со несакани ефекти како вртоглавица, слабост, замор и слично. Исто така, намалениот внес на хранливи материи како што се протеините ги губи не само мастите, туку и мускулната маса што не треба да биде цел на оваа диета.

Покрај тоа, намаленото ниво на квалитетни хранливи материи може да доведе до негативно влијание врз имунолошкиот систем. Ослабениот имунолошки систем е повеќе склон кон развој на болести и воспаленија.

2. Чувство на глад

Според искуствата на луѓето кои пробале медицинска диета, чест несакан ефект е постојаното чувство на глад. Со оглед на тоа дека се работи за интензивно намален внес на калории и без меѓуоброци, чувството на глад не е невообичаено. За луѓето кои обично брзо огладнуваат, оваа диета може да биде многу тешка. Се советува кога чувствувате глад, наместо ужина да пиете незасладен билен чај или чаша вода.

3. Брзо враќање на килограмите

Ако брзо се вратите на старите лоши прехранбени навики по пет дена медицинска диета, големи се шансите брзо да ја вратите изгубената тежина. За време на паузата од диетата, сепак треба да внимавате храната што ја јадете да не е премногу масна и да нема многу јаглехидрати. Медицинската диета за некои може да биде многу тешко да се издржи. Доколку е така и кај вас и едвај чекате да дојде паузата, можеби би било подобро да најдете диета која полесно ќе ја следите. Само со постојано намалување на калориите ќе постигнете квалитетни и долгорочни резултати.

Мени за медицинска диета

Медицинската диета треба да се практикува пет дена. Во продолжение ви пренесуваме петдневно мени за медицинската диета.

Ден 1

Појадок: четири крекери, еден портокал или цеден портокал, шолја чај или кафе (без засладување со мед или шеќер)

Ручек: варено јајце, шолја јогурт или павлака, еден портокал

Вечера: две варени јајца, два домати, краставица и зелена салата

Ден 2

Појадок: четири крекери, еден портокал или цеден портокал, шолја чај или кафе (без засладување со мед или шеќер)

Ручек: варено јајце, шолја јогурт или павлака, еден портокал

Вечера: плескавица од мелено пилешко, домат, 4 крекери, шолја незасладен чај и еден портокал

Ден 3

Појадок: четири крекери, еден портокал или цеден портокал, шолја чај или кафе (без засладување со мед или шеќер)

Ручек: варено јајце, шолја јогурт или павлака, еден портокал, две краставици или зелена салата, пијалок без шеќер

Вечера: плескавица од мелено говедско, четири крекери, портокал, шолја незасладен чај или кафе

Ден 4

Појадок: четири крекери, еден портокал или цеден портокал, шолја чај или кафе (без засладување со мед или шеќер)

Ручек: 150 г сирење со малку маснотии, два домати и четири крекери

Вечера: плескавица од 125 гр месо, два домати, јаболко и четири крекери

Ден 5

Појадок: четири крекери, еден портокал или цеден портокал, шолја чај или кафе (без засладување со мед или шеќер)

Ручек: варена риба или пилешко, домати и четири крекери

Вечера: 500 грама варен зеленчук, едно варено јајце и домат.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Живот

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more
 

Магазин

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе